Connect with us

Економија

Иднината на финансиите се обликува на вториот Finance.Weekend

5 септември 2025 – За само две недели, Ровињ ќе стане центар на корпоративните финансии, се враќа Finance.Weekend, фестивалот кој ги собира експертите, лидерите и визионерите за да дискутираат за трендовите, предизвиците и иновациите во управувањето со капиталот. По успешното прво издание, овогодинешниот фестивал носи нова рунда глобални и регионални експерти, со практични примери и длабински увиди во функционирањето на финансиските оддели во најголемите светски компании.

„По успешното прво издание, оваа година Finance.Weekend доаѓа оваа во самостоен формат како дел од Weekend.18, собирајќи ги клучните лидери во финансиската индустрија и експерти од регионот и светот. Новиот формат овозможува подлабок увид во современите финансиски процеси, примената на дигитални алатки и иновативните стратегии кои го обликуваат денешното и идното работење. Ваквите настани не се само можност за размена на знаење, туку и платформа која ја поттикнува соработката меѓу секторите, го зајакнува развојот на нови бизнис модели и ги поставува темелите за стратешки одлуки во брзо менувачката индустрија“, нагласува Матија Накиќ, директорка на фестивалот и извршна директорка, и ко-основач на Farseer.

Глобална финансиска стратегија и перспективи на финансиските директори

Еден од главните говорници е Мајкл Бојд, поранешен финансиски директор во Apple, кој е клучна фигура во голем број стратешки финансиски проекти веќе 20 години. Бојд ќе зборува за тоа што значи да се води еден од најголемите корпоративни трезори во светот, од управување со ризици и ликвидност до распределба на капиталот, истакнувајќи како големите одлуки влијаат на целата организација и што лидерите можат да научат од таквите модели.

Овогодинешниот регионален фокус е на телекомуникацискиот сектор, кој се соочува со големи инвестиции, постојани технолошки промени и сè посложени регулативи. Матија Ковачевиќ, финансиски директор на Хрватски Телеком, Матија Мандиќ, членка на Управниот одбор и главна финансиска директорка на Телемах, и Анита Лазовиќ, финансиска директорка на Орион Телеком, ќе дискутираат за тоа како финансиските тимови стануваат активни партнери во бизнисот, поврзувајќи ја стратегијата со оперативните процеси и помагајќи да се донесат брзи и информирани одлуки во услови на сложеност.

Одржливо управување, ESG и регионални лидери

ESG иницијативите сè повеќе доминираат во корпоративната агенда, но нивното спроведување често е предизвик. Ивана Крајиновиќ, партнерка во EY, Митар Божиќ, финансиски директор на Medlog Austria, и Ведрана Јелушиќ Кашиќ, членка на Управниот одбор на PBZ, ќе го отворат прашањето какво е вистинското влијание на ESG, а што е „зелено перење“ и како финансиските и корпоративните лидери можат да го измерат влијанието и да спроведат промени што имаат вистинско влијание врз општеството и животната средина.

Покрај претходно споменатите, ќе учествуваат и Андреас Граф, финансиски директор на A1 Group, Хрвоје Патајац, директор за контрола на Adris Group, Јан Себастијан Кујав, финансиски директор на Dometica, Јелена Лукиќ Четчути, директорка за финансии за јадранскиот регион во Nomad Foods, Лидија Бајиќ, финансискка директорка на Novonordisk, Лука Павловиќ, финансиски директор на Bambi, Матеј Акраповиќ, финансиски директор на Акраповиќ и Сања Керановиќ, финансиска директорка на Д-р Оеткер, кои преку своите искуства ќе придонесат во дискусиите за управување со капитал, финансиска трансформација и стратешко донесување одлуки во регионот и глобално.

Вториот Finance.Weekend ќе го потврди статусот на фестивал кој комбинира глобална експертиза и локални можности, дава увиди во најновите трендови и размена на знаења што ја обликуваат иднината на финансиите. Бидете дел од финансиската иднина од 18 до 21 септември во Ровињ. Сите информации за програмата, говорниците и котизацијата може да се најдат на официјалната веб-страница на фестивалот, како и на профилите на социјалните медиуми – LinkedIn, Facebook и Instagram.

Advertisement

Економија

Николоски: Владините политики во авиосообраќајот носат конкретни резултати

Политиките на Владата во областа на авиосообраќајот веќе даваат мерливи резултати, при што Скопје се позиционира како апсолутен лидер во регионот за првиот квартал од 2026 година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Според официјалните податоци, во периодот јануари–март 2026 година, скопскиот аеродром нуди дополнителни 316.528 седишта во споредба со истиот квартал од 2025 година, што претставува значаен раст на авиокапацитетите и зголемена поврзаност на државата со европските и светските дестинации.

Николоски нагласи дека овој раст е резултат на стратешките мерки за привлекување нови авиокомпании, отворање нови линии и зајакнување на конкурентноста на македонските аеродроми, со директен позитивен ефект врз туризмот, бизнисот и економскиот развој на државата.

Continue Reading

Економија

Македонија меѓу лидерите во енергетските реформи, извештај на Енергетската заедница

Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум, регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање.

Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира имплементацијата на реформите во земјите членки се нотира дека „Северна Македонија и Србија докажаа дека може да се постигне ефикасно спроведување на законодавството на Европската унија за интеграција на пазарите на електрична енергија, како и координативно работење и управување со системите во насока на обезбедување на сигурност во снабдувањето и ова е поткрепено со нивниот видлив напредок во реформите на пазарот на електрична енергија“, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Во делот посветен на (РКЕ) од Виена ја потенцирале проактивноста на регулаторот во спроведување на Законот за енергетика и мониторинг врз усогласеноста со раздвојувањето.

– Во извештајот е нотирано спроведувањето на законски утврдените надлежности во поглед на мониторинг на раздвојувањето и регулаторно делување преку одобрување тарифи за пренос и дистрибуција, годишни планови за одржување за МЕПСО, ОПС и дистрибутивните компании, како и Развојниот план за период од пет години за ОДС. Мрежните правила за дистрибуција на гас се усвоени – појаснуваат од РКЕ.

Посебен дел во Годишниот извештај е посветен за законодавството и правилата кои значат јакнење на отпорноста и менаџирањето на сајбер ризиците.

– Правила за Сајбер безбедност, усвоени од РКЕ се спроведуваат од јуни 2023 година. РКЕ одобри инвестиции за претпријатија за да се започне спроведувањето на ISO 27001 стандард – се наведува во извештајот каде било регистрирано и формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација, како и усвојување на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи.

Енергетската заедница оценува дека практичното спроведување на мрежните правила, транспарентното доделување на капацитети и транспонирањето на новите регулаторни рамки – се најголемите предизвици за земјите членки на Енергетската заедница но и за Европска Унија воопшто. Сепак, велат од РКЕ, спроведувањето на мрежните правила на цела територија на ЕУ до август 2026 година се очекува да биде силен поттик за интеграција на регионалните пазари.

Continue Reading

Економија

Рекорд на пазарот на недвижности: Во Дубаи продаден пентхаус за над 127 милиони евра

Дубаи повторно ги помести границите на луксузот на глобалниот пазар на недвижности, откако беше продаден најскапиот пентхаус на Блискиот Исток за 550 милиони дирхами, што изнесува околу 150 милиони долари, односно 127,7 милиони евра. Ултралуксузната резиденција се наоѓа во комплексот „Бугати Резиденс“, пренесува агенцијата „Анадолу“.

Со оваа трансакција е поставен и рекорд по цена на квадратен метар во реонот Бизнис Беј, која достигнува околу 27.000 евра. Продажбата ја реализирал главниот директор за продажба на компанијата „Бингати“, Абдула Бингати.

Претседателот на „Бингати“, Мухамед Бингати, изјави дека компанијата годинава го предводи пазарот на недвижности во Дубаи, со повеќе од 14.000 продадени станбени единици, оставајќи ги зад себе и јавните и приватните конкуренти.

Тој посочи дека „Бингати“, како еден од најбрзорастечките инвеститори, веќе се вбројува меѓу трите водечки компании на пазарот, со значителен удел според податоците на Одделот за земјиште во Дубаи.

Продадениот пентхаус се простира на 4.385 квадратни метри и е дел од „Бугати Резиденс“ – првиот станбен проект во светот што го носи брендот „Бугати“. Комплексот веќе привлече и светски познати личности, меѓу кои фудбалерот Нејмар, тенорот Андреа Бочели и дефанзивецот Ајмерик Лапорт, кои купиле резиденции во рамките на проектот.

Сместен во срцето на Бизнис Беј, комплексот комбинира француски дизајн со современиот урбан дух на Дубаи и овозможува близина до клучните деловни зони и градски знаменитости. Резиденциите нудат висок степен на приватност, ексклузивни погодности и таканаречени „скај меншн“ пентхауси.

Од „Бингати“ оценуваат дека оваа рекордна продажба дополнително ја зацврстува позицијата на Дубаи како светски центар за ултралуксузни недвижности. Компанијата располага со портфолио од над 80 проекти, вредни повеќе од 70 милијарди дирхами, и соработува со глобални брендови како „Бугати“, „Мерцедес-Бенц“ и „Џејкоб и Ко.“, при што има кредитен рејтинг BB- од „Фич“ и Ba3 од „Мудис“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг