Пожар во атарот на село Ѓавато брзо локализиран

Вечерва избувна пожар во атарот на потпелистерското село Ѓавато, во близина на Националниот парк Пелистер. Екипата на Противпожарната територијална единица на Битола веднаш излезе на терен и успеа да го локализира пожарот.

Неофицијално, ТППЕ Битола годинава има реализирано повеќе од 460 интервенции, при што околу 70% од нив се на отворен простор, што го нагласува зголемениот ризик од пожари во природата.

Извор: Апла.мк