ВИДЕО: Елиф Елмас во спектакуларен соло продор донесе водство на Македонија против Лихтенштајн

Македонија поведе против Лихтенштајн благодарение на феноменален соло гол на Елиф Елмас. Македонскиот фудбалер, новото засилување на Наполи, со извонредна техника издрибла четворица противници и го матираше голманот Бухел.

На арената „Тодор Проески“, Елмас го започна својот продор од средината на теренот, минувајќи низ одбраната на Лихтенштајн со неверојатна брзина и контрола на топката, пред да го совлада голманот за 1-0, само петнаесет минути по почетокот на натпреварот.

Видеото може да го погледнете тука