Connect with us

Црна Хроника

Велосипедист повреден во судир со тротинет пред МВР на Бихаќка

Необична сообраќајна несреќа се случила ноќеска околу 01 часот по полноќ на улица Бихаќка во Скопје, непосредно пред влезот на Министерството за внатрешни работи.

Во инцидентот учествувале велосипед и електричен тротинет, при што велосипедистот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болница. Возачот на тротинетот, пак, побегнал од местото на несреќата и по него трага полицијата.

Овој настан следи по неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој се пожали дека и самиот за малку ќе бил прегазен од деца кои управувале со тротинет во центарот на градот.

Advertisement

Црна Хроника

Полициска акција во Тетовско – одземено оружје и патрони 

На 18.12.2025 во 10:00 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, кај с.Радиовце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане ги лишија од слобода Р.А.(41)  и Џ.А.(66), двајцата од с.Жеровјане, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „незаконит лов“. Притоа, кај Р.А. е пронајдена и одземена ловечка пушка „Бајкал“ 12 милиметри со два патрони во цевка и колан со 15 патрони, додека од Џ.А. се одземени дозвола за оружјето, легитимација од ловечко друштво и други предмети. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава по член 396 и член 288 од Кривичниот законик.   

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсени сопственици на златарница поради затајување ДДВ и данок на доход

Двајца сопственици и управители на скопската фирма „Арѓира“ ДООЕЛ, Б.А. и Д.Х., се уапсени поради сомнение за даночно затајување, со што, според истрагата на Финансиската полиција, државниот буџет бил оштетен за речиси 65 милиони денари.

Б.А. во периодот од 2020 до 2023 година присвоил златен накит во вредност од 197.742.227 денари, без да пресмета и плати ДДВ и данок на личен доход. На овој начин избегнал плаќање ДДВ од 35.593.601 денар и данок на личен доход од 21.969.161 денар, со што државата била оштетена за 57.562.762 денари.

Д.Х., пак, во текот на 2024 година присвоил дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро – како и сметководствено евидентиран кало-растур од 7.822,61 грам, со што не биле платени ДДВ од 4.551.963 денари и данок на личен доход од 2.809.573 денари. Буџетот за 2024 година бил оштетен за 7.361.536 денари.

Со овие дејствија, во периодот од 2020 до 2024 година, пријавените се стекнале со противправна имотна корист и ја оштетиле државната каса за вкупно 64.924.298 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Б.А. и Д.Х., а тие се приведени по насоки на обвинителството.

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Скопје – Маж со прострелна рана пронајден на кејот на Вардар

Маж со повреда од огнено оружје бил пронајден завчера на кејот на Вардар, а до него полицијата пронашла пиштол. Бил хоспитализиран на скопските клиники. 

– На 17.12.2025 во 12:35 часот во Полициската станица Аеродром од Итна медицинска помош е пријавено дека на кеј на река Вардар бил пронајден 47-годишен маж со повреда од огнено оружје, а до него бил пронајден пиштол.

Истиот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид, соопштуваат од МВР 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг