Connect with us

Република

Приведени две лица во кавадаречко и струшко поради предизвикување пожар, следуваат соодветни пријави

На 09.09.2025 во 16:45 часот во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ја лишиле од слобода В.В.(34) од село Бегниште, кавадаречко, поради сомнение дека околу 14:00 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште – село Кошани запалила стари предмети, а пожарот се проширил и зафатил родни дрва нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41) и З.П.(45), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74) од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритријалната противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема.

На 09.09.2025 во 11:20 часот во с.Лабуништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го лишиле од слобода Ќ.Б.(83) од с.Лабуништа. Тој се сомничи дека околу 10:00 часот запалил сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил стрниште. Пожарот бил изгаснат од месното население и од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.

Advertisement

Република

ВИДЕО: Битола секоја година се поубаво украсена

Битола повторно ја облече новогодишната светлина и ја отвори вратата за празничната магија што ја прави препознатлива. Улиците, плоштадите и сцените каде што и оваа година ќе се одвива „Зимската приказна“ засветкаа во празничен сјај, носејќи радост и топла атмосфера за граѓаните и посетителите.

Новогодишното украсување донесе свежа енергија и чувство на празнична возбуда низ целиот град, создавајќи амбиент кој секоја година изгледа сè поубаво и повпечатливо. Битола и овој декември е подготвена да ги пречека гостите со светлина, музика и празничен дух.

Со видео ви пренесуваме дел од атмосферата од градот под Пелистер, кој е подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма „Зимска приказна“, на радост на сите генерации.

Continue Reading

Република

„Шпанец“ се враќа на пругите: Модернизиран и подготвен за патници

Легендарниот воз „Шпанец“, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на пругите со целосно нов лик. Денес беше тестирана обновената верзија на возот, кој сега располага со модерен дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Одговорните најавуваат дека подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, со цел патниците да уживаат во современо и безбедно патување.

Следуваат уште новости за враќањето на овој легендарен воз – останете со нас за сите детали.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Република

После многу години конечно Тетово ќе се украсува

На онлајн седница одржана денеска, 12 декември 2025 година, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Истовремено, изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг