Connect with us

Република

Приведени двајца крадци од гостиварско, следува пријава

На 10.09.2025 во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ш.Н.(38) од с.Дебреше, гостиварско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 03.04.2025 одзел мотоцикл „хонда“ сопственост на Б.И.(63) од Гостивар.

На 10.09.2025 во 17:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода Н.С.(44) од с.Чегране поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 07.09.2025 одзел неколку грла добиток од М.М.(40) од с.Добридол.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвена соодветна пријава.

Advertisement

Република

Битола во празничен ритам: започнува најголемиот зимски фестивал во државата

Прочитајте ги секојдневните програмски содржини на фотографиите или разгледајте ја Програмата на „Зимска приказна“ на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-25-26/

Од 20 декември до 5 јануари, не пропуштајте да бидете дел од „Зимска приказна“.

Многу музика, детска програма, кино на отворено, возот „Мечо“, празничниот автобус и уште многу други содржини за сите генерации.

Годинава, бројките ја потврдуваат приказната:
-над 200 часа програма низ целиот град
-од нив, околу 35 часа детска програма
-67 бендови
-повеќе од 20 соло изведувачи
-5 фолклорни друштва
-2 градинки и 11 училишта како активен дел од програмата

Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години.
Ова е декемврискиот ритам на Битола.

Continue Reading

Република

ВЛЕН: Волјата на граѓаните ќе се потврди на изборите во Гостивар и Врапчиште

Коалицијата ВЛЕН најави силен настап на претстојните локални избори што ќе се одржат на 11 јануари, со јасна стратегија и поддршка за кандидати кои, како што велат од коалицијата, ја претставуваат волјата на граѓаните.

Во Општина Гостивар, ВЛЕН ќе настапи со реден број 1 на гласачкото ливче, предводена од кандидатот за градоначалник Невзат Бејта. Во Врапчиште, пак, коалицијата ја поддржува независната кандидатура на Зулхајрат Демири, кој се наоѓа под реден број 5.

Од ВЛЕН посочуваат дека симболиката на броевите 1 и 5 е во духот на слоганот „Еден глас“, кој ја отсликува нивната политика заснована на одлуки што произлегуваат директно од граѓаните.

Коалицијата потсетува дека веќе остварила победа во 10 општини, што, според нив, претставува јасен сигнал дека албанските гласачи ја отфрлиле, како што ја нарекуваат, политичката манипулација позната како „референдум“. ВЛЕН оценува дека ова е доказ за промената што ја бараат граѓаните и за слабеењето на политичките структури кои, според нив, денес формално опстојуваат само во Гостивар и Врапчиште.

„11 јануари е датум кога оваа волја повторно ќе се потврди“, порачуваат од коалицијата, повикувајќи ги граѓаните на Гостивар и Врапчиште да се обединат и да гласаат – број 1 во Гостивар и број 5 во Врапчиште – за, како што наведуваат, победа и власт што работи во интерес на народот.

Continue Reading

Република

Повеќе тетовски села утре без електрична енергија поради планирани прекини

evn

Повеќе села во тетовскиот регион утре, 18 декември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја, информираат надлежните служби.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од селото Челопек, и тоа објекти лоцирани во средниот дел на селото, како и објекти во близина на училиштето. Исто така, прекин во снабдувањето ќе има и во селото Милетино, каде без електрична енергија ќе останат објекти во близина на автобуската станица во т.н. Македонско Маало.

Планиран прекин е најавен и за селото Порој, каде дел од населението исто така ќе биде без струја во истиот временски интервал.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и информираат дека прекините се дел од редовни активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг