Connect with us

Свет

Туск: Полска е најблиску до војна од Втората светска наваму

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека земјата се наоѓа „најблиску до вооружен конфликт од Втората светска војна досега“, јави „Скај њуз“.

Тој потврди дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО, со очекување за конкретни чекори од сојузниците, а не само декларативна поддршка. Членот 4 овозможува отворање безбедносни консултации во рамките на Алијансата, но не подразбира автоматска воена акција.

Туск истакна дека изминатата ноќ биле регистрирани 19 повреди на полскиот воздушен простор, од кои четири дронови биле соборени. Според него, дел од леталата влегле од правец на Белорусија.

Advertisement

Свет

Украинските единици се повлекоа од Северск

Украинските сили се повлекоа од населбата Северск во регионот Донецк за да ги зачуваат животите на војниците и борбената способност на единиците, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Градот сè уште останува под контрола на украинските трупи.

„Тешките борби продолжуваат во Северск. Руските сили имаат значителна предност во човечка сила и опрема и, и покрај големите загуби, продолжуваат со активните офанзивни операции“, се наведува во соопштението на Генералштабот.

Украинските одбранбени сили успеале да го исцрпат непријателот за време на борбите, при што секој метар од градот бил одбранет по висока цена. Русите напредувале благодарение на бројната предност и постојаниот притисок од мали напаѓачки групи во тешки временски услови.

Сепак, украинските трупи го држат градот под огнена контрола, блокирајќи ги непријателските единици и прекинувајќи ја нивната логистика, со цел да се спречи понатамошно напредување.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за целосното предавање на Северск под контрола на руските вооружени сили.

Северск е клучна точка за украинските одбранбени линии, бидејќи неговото ослободување овозможува на руските трупи да напредуваат кон агломерацијата Славјанск-Краматорск и да ја олеснат офанзивата во областа Костјантинивка, која заедно со Дружковка, Краматорск и Славјанск го формира главниот одбранбен фронт на Украина во регионот Донецк.

Continue Reading

Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска, казни до 1.000 евра за непослушните

Од јануари 2026 година, Германија официјално ќе започне со примена на нов модел на задолжителна воена обврска, со кој се предвидуваат и строги санкции за оние што ќе ја игнорираат процедурата. Сите мажи од одредена возрасна група ќе добиваат прашалници од Бундесвер, а одбивањето да се одговори или доставувањето неточни податоци ќе биде санкционирано.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека процесот ќе започне со испраќање на околу 54.000 прашалници месечно. Според новите правила, непочитувањето на оваа обврска може да резултира со парична казна до 1.000 евра, па дури и со принудна регрутација.

Планот, кој го иницира министерот за одбрана Борис Писториус, предвидува постепено зајакнување на армиските капацитети. Од јули 2027 година, задолжителен ќе стане и лекарскиот преглед за сите мажи, а непојавувањето на прегледот може да доведе и до полициско приведување.

Целта на новиот модел е до 2035 година бројот на припадници на германската армија да достигне 270.000 војници, како дел од пошироките напори за јакнење на одбранбените капацитети на земјата.

Continue Reading

Свет

Русија изврши еден од најжестоките напади врз Украина пред Божиќ

Повеќе од 600 беспилотни летала и околу 30 проектили ја погодија украинската престолнина Киев и енергетската инфраструктура низ земјата, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и дете. Станува збор за еден од најмасовните руски напади во последните месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападите извршени непосредно пред Божиќ јасно покажуваат кои се приоритетите на Москва. Тој предупреди дека Русија подготвува нов бран удари по празниците, оценувајќи дека таквото однесување е „нормално за Русија“. Според него, ситуацијата дополнително се усложнува поради недостигот од системи за воздушна одбрана.

Воздушната тревога била активна во речиси цела Украина, а Министерството за енергетика воведе вонредни рестрикции во неколку региони. Во Киев, делови од градот останале без електрична енергија поради погодената инфраструктура.

Полска соопшти дека подигнала борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, поради зголемените безбедносни ризици во регионот.

Украина Божиќ го слави на 25 декември според новиот календар, иако дел од населението сè уште го одбележува празникот и на 7 јануари, како и во Русија.

Во вечерното обраќање, Зеленски најави враќање на украинската делегација од Мајами, каде што се одржале мировни разговори со американскиот специјален претставник Стив Виткоф. Разговорите ги оцени како конструктивни, но без конкретен напредок.

Во меѓувреме, украинските сили извршиле напад врз голема нафтена постројка во Ставропол, управувана од рускиот енергетски гигант Лукоил.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг