Connect with us

Република

Првите километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат готови до 2026

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска во Прилеп соопшти дека изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива според планираната динамика. Првите 11 километри се очекува да бидат пуштени во употреба до крајот на 2026 година, додека целата траса од 40 километри ќе биде завршена кон крајот на 2027 или на почетокот на 2028 година, зависно од временските услови.

Николоски истакна дека автопатот ќе се поврзува со експресниот пат Градско–Дреново–Фариш, а се планира и дополнително поврзување од Фариш до Прилеп. Изведувач на проектот е компанијата „Бехтел и Енка“.

Министерот ја искористи посетата на Прилеп, каде присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за да ја презентира динамиката на инфраструктурните проекти во регионот.

Advertisement

Република

Тоневски: Ново кошаркарско игралиште за учениците во Злетово

Заврши асфалтирањето на кошаркарското игралиште во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово. Со овој зафат е создадена основата за целосно уредување на спортскиот простор кој ќе биде наменет за учениците и младите од населбата.

По стабилизирање на временските услови, предвидено е поставување мултифункционална спортска подлога, нови кошеви, клупи за одмор, како и уредување на пристапни патеки до теренот.

Проектот е финансиран од страна на ООУ „Браќа Миладиновци“, во соработка со Општина Пробиштип.

Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здравјето и правилниот развој на децата, нагласувајќи дека општината ќе продолжи со поддршка на вакви проекти во сите населени места.

Continue Reading

Република

Повеќе села во тетовско утре ќе останат без електрична енергија

evn

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре (26 декември) без струја ќе останат делови од повеќе села во тетовскиот регион.

Според најавата, прекинот е планиран во периодот од 09:00 до 14:00 часот во селото Желино, и тоа објектите од центарот кон Горната џамија. Во истиот временски интервал без електрична енергија ќе бидат и делови од селото Гајре, особено објектите во близина на џамијата.

Во селото Ново Село (Желино) прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот и ќе ги опфати објектите на влезот во селото, кај училиштето, како и објектите кон горниот дел од селото.

Исто така, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и делови од селото Групчин, додека во селото Цепчиште прекинот е најавен од 09:00 до 14:00 часот.

Надлежните служби апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски и да имаат разбирање додека траат планираните работи на мрежата.

Continue Reading

Република

Костадиноски ги повикува дечињата на новогодишна бајка во Јегуновце

Општина Јегуновце ја најави традиционалната новогодишна програма за најмладите жители, која ќе се одржи оваа недела со почеток во 12:00 часот на плоштадот пред општинската зграда.

Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека културно-забавната програма е наменета за дечињата, кои најмногу ја очекуваат магијата на новогодишните празници. На настанот ќе се појави и „Дедо Мраз“, кој ќе ги изненади најмладите со пригодни подароци.

„Дојдете да ги почувствуваме заедно првите празнични мигови, исполнети со радост и среќа за дечињата“, рече Костадиновски, повикувајќи ги граѓаните да учествуваат во заедничката празнична атмосфера.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг