Економија
Пумпните хидроцентрали – скриената карта во енергетската транзиција на Европа
Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали (PSH) да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со висок удел ќе учествуваат и централите на ветер и сонце. „Парискиот завет“ веќе има над 50 потписници и бара ЕУ и владите да донесат мерки што ќе го направат долготрајното складирање исплатливо и брзо остварливо. Се предлага посебна европска иницијатива за складирање со јасно разграничување на долготрајно и краткотрајно складирање во законите, а целта е да се „отклучи“ реализација на речиси 35 GW нови PSH-проекти и да се удвои европскиот капацитет во наредните 25 години. Според IHA и Eurelectric, пумпната хидроенергија е докажана и трошковно ефикасна опција за долготрајно складирање што ќе ја направи енергетската транзиција на Европа побрза, посигурна и поевтина за потрошувачите.
Ова покажува дека времето, кога само производството од обновливи извори беше доволно за Европа, поминува. Сега се повеќе се нагласува потребата за складирање, за флексибилност и за капацитети кои брзо реагираат на промените во производството и побарувачката. Можноста за долготрајното складирање и брзата флексибилност се постави како клучна за ценовната стабилност на електричната енергија која Европа ја посакува.
Технички, пумпната хидроцентрала игра повеќе улоги од само онаа на „акумулатор“. Таа може да складира енергија кога ја има во изобилство и да ја ослободи тогаш кога најмногу е потребна. Не станува збор за нова технологија, но денес овие централи стануваат клучен играч во транзицијата кон обновливи извори, затоа што нејзините услуги не се надоместливи со батерии за складирање на енергија, кои имаат и ограничен век на користење. Животниот век на PSH се мери во децении. Тие овозможуваат долготрајно складирање, обезбедуваат системски услуги како регулација на фреквенција и напон, и можат да помогнат мрежата повторно да се рестартира по голем прекин. Според Меѓународната асоцијација за хидроенергија (IHA), пумпните хидроцентрали претставуваат повеќе од 90% од глобалниот капацитет за долготрајно складирање.
Европа во бројки: кој води во трката со PSH
Според најновите податоци на IHA и анализата на VGBE, Hydropower in Europe: Facts and Figures 2023, во Европа имало над 56 GW инсталирани пумпни хидроцентрали, а над 52,9 GW се проекти во реализација.
Најголем дел од постојните капацитети се во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Австрија, Швајцарија и Обединетото Кралство, кои заедно имаат над 40 GW инсталиран капацитет. Земјите кои предничат имаат природна предност затоа што алпските високи планини и долини создаваат идеални услови за создавање резервоари со големи висински разлики.
Владите во овие држави даваат и законска поддршка за развој на PSH капацитети. На пример, Обединетото Кралство воведе модел „cap-and-floor“ за поддршка на складирањето, Италија создаде капацитетен механизам MACSE, што ја вклучува и пумпната хидроенергија, а Шпанија најави дека до 2030 ќе достигне над 22 GW капацитет за складирање.
Сега со „Париски завет“ се очекува да се забрза издавањето на дозволите, укинување на двојните мрежни такси за струјата што се користи за пумпање и стабилни механизми за приходи за инвеститорите.
Западен Балкан: потенцијал и нови проекти
Регионалниот енергетски микс е силно зависен од хидроенергијата. Во земји како Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, над 80% од обновливата енергија доаѓа токму од хидроцентралите. Сепак, растот на сончевите и ветерните капацитети последниве години бара и повеќе флексибилност во системот што може да се обезбеди преку PSH.
На пример во Грција во 2024 година регулаторот одобри PSH проекти со вкупен капацитет од 5 GW и складирање од 44 GWh. Грција е и прва во регионот што експлицитно го вклучи складирањето во своите климатски планови.
Бугарија пак располага со една од најголемата пумпна хидроцентрала во Југоисточна Европа, „Чаира“ (Chaira). Значаен дефект ја исфрли хидроцентралата ос системот во 2022 година, а од минатата година почнати се активности за реконструкција на турбините и враќање на централа во погон.
Србија располага со силна база на хидроцентрали и потенцијал за пумпни системи на Дрина и Дунав, и држвата размислува за модернизација и поврзување со идни регионални PSH проекти. Еден од стратешките проекти е Ѓердап 3, кој се разгледува и како дел од поголем регионален проект. Потоа развојот на проектот Бистрица и ревитализација на единствениот постоечки пумпен капацитет Баина Башта.
Македонија во мозаикот
Македонија има технички хидроенергетски потенцијал од 5.500 GWh годишно, но моментално користи само околу 1.500 GWh преку постојните хидроцентрали. Вкупната инсталирана хидро моќност изнесува околу 674 MW.
Најважниот проект е шумпната станица Чебрен, кој со години е во фаза на подготовка. Тој предвидува изградба на пумпна хидроцентрала со капацитет од 333 MW, со можност за зголемување до 458 MW, и акумулација која би овозможила складирање на енергија и повторно пумпање.
Чебрен е стратешки проект – не само за домашниот систем, туку и за регионот. Со интерконекторите кон Грција и Бугарија, Северна Македонија би можела да се позиционира како регионален „балансер“. Во периоди на евтин сончев или ветерен вишок во соседството, Чебрен би пумпал вода, а потоа би испорачувал енергија назад во системот кога побарувачката е висока.
Регионалните врски: од изолиран систем кон заеднички пазар
Флексибилноста на пумпните хидроцентрали станува уште поценета во контекст на интерконекциите. Регионалната интеграција на електроенергетските пазари во Западен Балкан е во тек, а со тоа расте и вредноста на складирањето.
Интерконекторот Македонија–Грција (400 kV) е клучен за спојување со пазарите каде има силна интеграција на ветер и сонце.
Линијата кон Бугарија може да помогне во користење на вишоците од нивните нуклеарни и хидро капацитети.
Планираните врски кон Албанија и Косово дополнително ја отвораат можноста Македонија да се вклучи во регионалното „пулсирање“ на енергијата.
Предизвици и ризици
Иако PSH има голем потенцијал, реали предизвици се долгите процедури за дозволи, сложените еколошки проценки и високите почетни трошоци кои често ги одвраќаат инвеститорите.
Во Македонија, проектот Чебрен е типичен пример – повеќе од една деценија тендери и преговори, без конечно започнување на градбата. Но енергетската иднина на државата не може да се замисли без сериозни складирачки капацитети. Чебрен и можните идни PSH проекти можат да ја намалат зависноста од увоз, да помогнат во интеграцијата на нови фотоволтаици и ветерници и да ја позиционираат земјата како важен играч во регионалната мрежа.
Ако Македонија успее да стабилен регулаторен и финансиски амбиент за овие инвестиции може да стане пример за тоа како мал пазар може да игра голема улога во енергетската транзиција на Балканот.
You may like
-
Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје
-
Тепачка во Швајцарија: Уапсени шест лица, меѓу нив и двајца малолетници од Македонија
-
Инвеститори под истрага за незаконска заработка од над 18 милиони денари
-
Евзони под постојани блокади: Патувањето кон Грција неизвесно поради протестите на земјоделците
-
Јавна дебата во Битола: Патот кон поквалитетни услуги од јавните претпријатија
-
Вечерва половина Македонија слави Свети Никола, а половина оди на слава
Економија
Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство
Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.
Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.
Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.
Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.
Економија
Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците
Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.
Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.
Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.
Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.
Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.
Економија
Од вечерва нова цена на дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.
Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Трендинг
-
Црна Хроника6 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника6 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника3 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника6 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република4 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника4 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Македонија4 days agoСреќни вести за пензионерите: Еве кои ќе добијат 6.000 денари за празниците
-
Црна Хроника2 days agoПолициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци















