Connect with us

Скопје

ВЛЕН го прашува Османи: Каде исчезнаа 700 илјади евра од сомнителниот тендер?

Поминаа повеќе од 24 часа, а поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, продолжува да молчи.

Нема ниту еден одговор досега, ниту објаснување.

Ниту една реченица за 700.000 евра кои исчезнаа од сомнителниот тендер за возила за организацијата на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година.

За потсетување:

Министерството за надворешни работи, за време на раководството на Османи, склучи договор во вредност од 56.640.000 денари за изнајмување возила за дведневната конференција.

Цените на возилата беа:

29.000 денари на ден за VIP возила, 23.000 денари за возила од средна класа, 19.200 денари за возила 8+1, сите без ДДВ.

Иста компанија, само еден месец претходно, понудила истите возила по цени три пати пониски за секојдневните потреби на МНР – од 9.500 денари за VIP возило со возач до 29.000 денари за истото возило, само затоа што станувало збор за меѓународна конференција.

Прашањето е едноставно: Кој ја доби разликата од 700.000 евра?

Дали овие пари завршија во приватни џебови? И во чии?

Јасно е: ова не е административна грешка. Ова е чиста шема на корупција.

Во договорот немало механизам за внатрешна контрола што ќе потврдел:

Колку возила навистина биле користени? Кој тип биле? И колку денови биле ангажирани?

Зошто оваа намерна недостаточна транспарентност? Кој профитирал од оваа институционална темнина?

Државниот ревизор веќе констатирал сериозни неправилности, а предметот е во Јавното обвинителство.

Но, тоа не е доволно. Граѓаните заслужуваат одговор. Транспарентноста е обврска, не избор.

Затоа, денес повторно јавно прашуваме:

Каде завршија 700.000 евра? Кој го одобри овој тендер со тројно зголемени цени? Зошто државата плати повеќе за иста услуга?

Молкот е согласност.

А граѓаните нема повеќе да дозволат ваква култура на непостапување и неприкажување одговорност.

Арбeр Кадриу – Влен-Чаир

Advertisement

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг