Хорор на плажа во Грција: Волк нападна петгодишно девојче од Србија, мајката спречи трагедија

Петгодишно девојче од Србија за малку избегнало трагедија кога волк ја нападнал на плажа во близина на Неос Мармарас, Грција. Животното се појавило ненадејно и се обидело да го зграпчи девојчето за половината, но мајката Ирена Пеиќ реагирала во секунда – ја зграпчила ќерката и почнала да трча. Еден човек од плажата со камења го одвратил волкот, кој потоа бил избркан од дворот на апартманот.

Девојчето поминало со гребнатина на грбот и веднаш било однесено во болница, каде примило вакцини и антибиотици.

Мајката изјави дека се спасиле благодарение на присебната реакција и помошта на непознатиот човек. Овој случај е петти напад на волк во областа за само неколку дена – претходно биле нападнати жена и куче. Се претпоставува дека по неодамнешниот пожар, животните се одвоиле од глутницата и се спуштиле кон населбите.