Connect with us

Република

Македонско-турското здружение од Битола со поддршка на иселеници од Измир ќе формира фолклорна група во Будаково

Денес во посета на Македонско – турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк”-Битола беше претседателот на Федерацијата на здруженија на иселениците од Македонија во Турција, со седиште во Измир. Битолското здружение од неодамна е дел од оваа Федерација и во план се соработки на повеќе полиња. Според претседателот на Македонско-турското здружение, Шенол Мемиш, побарана е помош од Федерацијата за формирање на фолклорна група во с.Будаково која би го негувала македонскиот и турскиот фолклор. ,,Побаравме помош во материјали за изработка на носии, со кои би биле опремени игроорците од новата фолклорна група. Од страна на претседателот Хасан Гани ни беше ветена помош и поддршка за нашите активности”, рече Мемиш по средбата. Ова здружение минатата година сними два документарни филма и организира изложба на фотографката Бенита Стојмирова. До крајот на годинава најавуваат повеќе активности и три документарни филмови.

Апла.мк

Advertisement

Република

Врачене наградите за најдобрите волонтери во Битола

5-ти декември е Меѓународниот ден на волонтерите и на овој ден секоја година се доделуваат наградите за најдобри волонтери кои со своите активности и ангажмани го поттикнуваат и промовираат волонтерството во Битола.
Целта е да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво. Наградата е од големо значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во локалната заедница.

Локалниот совет за волонтерство на општина Битола (ЛСВ), ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница за 2025 година на Доброволно противпожарно друштво „Архангел“ – Битола, иницијативата „ЕкоРозе“, иницијатива „Волонтерско цртање во Зоолошка градина“, Јулијана Делев и Лина Чашитовска.

Наградите ги додели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им честиташе за нивниот волонтерски ангажман и посветеност кон заедницата во која што живеат, за изразената солидарност и активен придонесе кон решавање на проблемите во локалната средина.

А награде се:
-Доброволно противпожарно друштво „Архангел“ – Битола се наградува за својот волонтерски ангажман со редовно учествување во акции за помош на населението при поплави, временски непогоди и ризични ситуации, поддршка на заедницата преку јавни кампањи за безбедност, превенција од пожари на отворен простор. А, со тоа нивната волонтерска активност директно се одразува врз безбедноста и подготвеноста на Општина Битола.

-Од иницијативата „ЕкоРозе“ се наградува тимот ученици Изабела Шишковска, Бојан Нацов и Андреа Трајковска под менторство на проф. Соња Карапашовска за својот волонтерски труд за иницијативатата „ЕкоРозе“ за воспоставување систем за селекција и рециклирање на текстилниот отпад.

  • Иницијативата „Волонтерско цртање во Зоолошка градина“ за волонтерска активност реализирана од ученици од ООУ „Елпида Караманди“ и нивната наставничка Славица Маркоска за време на летниот распуст, во периодот од јуни до септември со цел да се поттикне креативноста, љубовта кон животните и еколошката свест кај младите. Учениците волонтерски учествуваа во сликање на мурал во зоолошката градина.

-Јулијана Делев се наградува за волонтерската организација на настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ кој се реализираше по трет пат во 2025 година. Целта на настанот беше забава и дружење и запознавање на гостите со македонски автори чии книги можеа да ги купат на самиот настан, како и други книги кои беа обезбедени од страна на организаторот. Собраните средства беа искористени за купување на школски прибор како и други потребни работи за почетокот на учебната година за дечиња со посебни потреби.

-Лина Чашитовска се наградува за нејзиниот двегодишен ангажман како Лидер на Клубот на млади, кој беше организатор на најголем дел од настаните за волонтирање на младите на ОО Црвен крст – Битола.

На јавниот повик кој беше објавен право да номинираат кандидати имаа организации, институции, неформални групи и други организатори на волонтерска работа.

Continue Reading

Република

Македонското знаме изоставено на прославата на албанското знаме во Струга – инспекцијата покренува постапка

Општина Струга и едно одговорно лице се најдоа на тапет. Во вистинска правна драма, полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против локалната самоуправа и 65-годишниот М.Ќ. од Биџево, поради прекршување на законот за употреба на знамињата.

Пропустот се случил за време на прославата на Денот на албанското знаме на 28 ноември 2025 година. Според наводите на МВР, организаторите – Општина Струга и М.Ќ. – тотално ја игнорирале законската обврска. Иако на настанот, кој што се одржувал на главната улица „Маршал Тито“, било истакнато знамето на заедниците, државното знаме на Република Македонија било целосно изоставено!

Клучната бина и дел од кејот на Црн Дрим, кои беа централни точки на прославата, останале без македонскиот симбол.

„ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ. (65) … поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р. Македонија“, изјавија од МВР.

Ова непочитување на државните симболи сега ќе добие судски епилог.

Continue Reading

Република

Средношколците победници на „Средношколец-милионер“ кај Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска ги пречека победниците на натпреварот „Средношколец-милионер“, битолските средношколци кои ја освојаа главната награда од 1 милион денари.

Средношколците Иван Секуловски (СОУ „Јосип Броз Тито“), Јован Талевски (СОУ „Ѓорѓи Наумов“) и Марио Рабаџиевски (СОУ „Таки Даскало“), кои настапуваа под тимот „Стеј Би“, ја презентираа својата бизнис идеја „Систем 4“. Идејата се базира на користење напредни алатки со вештачка интелигенција за луксузни ресторани и хотели, вклучувајќи автоматска анализа на проблемите, телефонски агент кој го заменува рецепционерот, асистенти за веб-страници и самите веб-страници. Според нив, системот значително ја олеснува работата во туризмот, но има потенцијал за примена и во други области.

Градоначалникот Коњановски им честиташе на младите иноватори, пофали ја нивната мотивираност и ги охрабри да продолжат да развиваат свои идеи и кариера. Тој истакна дека Општина Битола ќе продолжи да ја поддржува младината, нивниот развој и вложувањето во знаење и таленти.

Натпреварот „Средношколец-милионер“ беше организиран од Бреинстер Некст Колеџ (Brainster Next College) и НУ Академиите за талентирани средношколци, со цел да се откријат најталентираните млади кои создаваат иновативни бизнис решенија и можат да влијаат врз иднината.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг