Connect with us

Скопје

Министерството за спорт генерален покровител на големиот ММА спектакл -Арммада 14 во Скопје

Под генерално покровителство на Министерство за спорт, во организација на агенцијата Арммада и Македонската ММА федерација, вчера во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје се одржа настанот – Арммадa 14.

Во боречката програма на овој ММА спектакл настапија 16 борци од Македонија, Молдавија, Грузија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Кипар и од Германија.

– Македонската публика и сите љубители на боречките спортови имаа ретка можност во живо да видат квалитетни борби и познати борци во ММА. Министерството за спорт како комплетен покровител го поддржа овој настан кој значи голема промоција на спортот кој е сѐ позастапен во Македонија и негово приближување до публиката – рече министерот за спорт, Борко Ристовски.

Овој најголем ММА спектакл што се одржал во Македонија во последниве години, беше крунисан со победи на македонските борци Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Коста Георгиевски кои покажаа дека Македонија има борци со кои може да се гордее.

Даниела Алексовска ја воодушеви арената со сензационална победа уште во првата рунда. Македонската репрезентативка со маестрален арбар ја совлада својата противничка, Флацеа Алда од Молдавија, во последната минута од воведната рунда.

Марко Трајановски го запиша својот прв полупрофесионален триумф со убедлива судиска одлука против Петар Кликовац од Србија по целосни три рунди, а Костадин Георгиевски извојува победа со едногласна одлука на судии над Раде Новаковиќ од Србија.

-Ова е прв ваков настан што се организира во Македонија во последниве 15 години. Презадоволен сум од интересот, од поддршката и од тоа како помина целиот настан кој се пренесуваше и директно на каналот Арена фајт. Имавме убави борби, извонредни победи и најважно – немаше повреди. Овој настан е извонредна можност за популаризација на спортот и за промоција на државата – истакна претседателот на Македонската ММА федерација, Ивица Алексовски.

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг