Connect with us

Свет

IDF влезе во Газа, планот е да се опколи од сите страни: Стотици илјади Палестинци се обидуваат да се евакуираат

IDF започна копнена офанзива во Газа, отворени нови евакуациски рути

Израелската армија (IDF) ја започна копнената офанзива на градот Газа, најголемиот во Пojaсот Газа, во операција наречена „Гидеонова кочија“. Двете редовни дивизии влегоа во градот од различни правци, а во следните денови ќе им се приклучи и третата, со што Газа ќе биде опколена од речиси сите страни. Според IDF, операцијата може да трае два до три месеци, но „чистењето на терористите“ може да потрае подолго.

IDF наведува дека центарот на Газа е јадрото на Хамас, вклучително и воениот командант Иза ел-Дин Хадад, кој се наоѓа во тунелите. Проценките сега укажуваат на зголемен број борци во градот поради пристигнување на дополнителни сили.

За евакуација на цивилите, IDF отвори нова рута по улицата Салах ал-Дин, достапна од денес до петок, додека досега единствена опција беше крајбрежната патека, пренатрупана со пешаци и возила.

Медиумите од Газа известуваат дека напади со беспилотни возила натоварени со експлозив, воздушни напади и артилериска оган продолжиле во северозападниот и јужниот дел на градот, како и на периферијата, додека стотици илјади Палестинци се обидуваат да ја напуштат зоната.

Advertisement

Свет

Русија го одби украинскиот предлог за божиќно примирје

Кремљ денеска го отфрли предлогот на Украина за примирје за време на Божиќ, соопштувајќи дека нема намера да ги запре нападите за време на празниците.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Москва не сака прекин на огнот што би ѝ овозможил на Украина да се прегрупира и подготви за продолжување на војната. Тој додаде дека Русија се залага за мир, но не за краткорочни и неодржливи решенија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи привремено прекинување на нападите, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период. Кремљ посочи дека евентуалното примирје би зависело од поширок договор за прекин на војната.

Песков истакна дека Москва сè уште не видела конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, кои, според американски и европски претставници, се предмет на разговори меѓу Вашингтон и Киев. Украина го смета предлогот за примирје како хуманитарна мерка, но Русија засега останува непопустлива.

Continue Reading

Свет

Европска земја го блокира предлогот за користење на руските средства за Украина

Белгија се спротивстави на предлогот на Европската комисија за деблокирање на заем од 210 милијарди евра за Украина, финансиран од замрзнатите руски средства, со што го попречи обидот на ЕУ да постигне договор пред самитот на лидерите.

Два дена пред самитот, Комисијата се обиде да ги убеди земјите-членки да поддржат заемот, кој би ги користел резервите на Русија чување во банката „Еуроклеар“ во Брисел за поддршка на економијата на Киев, погодена од војната. 27-те земји-членки ќе продолжат со разговорите подоцна во вторник.

Комисијата предложи законски измени за да обезбеди поддршка од Белгија, вклучувајќи правни гаранции дека земјата нема да сноси одговорност во случај на правни барања или одмазда од Русија. Дополнително, Украина не би добивала средства додека другите земји-членки не обезбедат финансиски гаранции за најмалку половина од износот.

Сепак, белгиската влада на премиерот Барт де Вевер оцени дека гаранциите не се доволни и изјави дека нема да се постигне договор пред Европскиот совет. Стравот е дека Белгија би можела да биде одговорна за враќање на целата сума доколку Русија побара поврат на средствата.

Четири други земји – Италија, Малта, Бугарија и Чешка – го поддржаа барањето на Белгија да се разгледаат алтернативни начини за финансирање на Украина, како заеднички долг. Франција, пак, останува неутрална во однос на тоа дали да се користат руските средства или да се прибегне кон еврообврзници.

Германија инсистира дека нема реална алтернатива за користење на руските средства, предупредувајќи дека неуспехот сериозно ќе ја наруши способноста на ЕУ да дејствува. Сепак, не сите земји се убедени, а критичарите посочуваат дека Германија се противи на заедничкиот долг по идеолошки причини, а некои земји-членки се загрижени за штедачите.

Continue Reading

Свет

Зеленски најави брз финиш на мировните предлози и можна средба во САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека предлозите што се усогласуваат со американските претставници за завршување на војната би можеле да бидат финализирани во наредните неколку дена, по што ќе бидат доставени до Кремљ. По тој чекор, како што најави, можна е и средба во Соединетите Американски Држави следниот викенд.

Говорејќи за нацрт-мировниот план за кој вчера се разговараше во Берлин, Зеленски оцени дека тој „не е совршен“, но дека е „многу изводлив“. Сепак, тој нагласи дека остануваат отворени неколку клучни прашања, пред сè поврзани со иднината на украинската територија под руска окупација.

Украинскиот претседател повтори дека Киев нема да ја признае руската власт над кој било дел од Донбас. Тој додаде дека Украина и Соединетите Американски Држави подготвуваат уште пет документи покрај основната мировна рамка, од кои дел се однесуваат на безбедносните гаранции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг