Тетовчанка пријавила вознемирување и споделување лични податоци од поранешниот сопруг

На 17.09.2025 во 11:20 часот, во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријави дека нејзиниот поранешен сопруг З.Ф. (46) ја следи, фотографира и вознемирува. Според пријавата, тој ги споделува направените фотографии и нејзиниот телефонски број со други лица, кои потоа ѝ се јавуваат.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот, а истрагата е во тек за утврдување на сите околности и преземање на соодветни законски мерки.