Connect with us

Црна Хроника

Уапсени четворица скопјани: Украле бронзена биста од гробишта и сакале да избегаат (Фото)

Лишени од слобода четири лица од Скопје, фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, следува пријава

На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.

Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Црна Хроника

Со секира во казино: Бараше назад изгубени пари – доби 8.600 денари од шокирана касиерка

Вистински хорор се случувал на 15 декември во казино на најфреквентната битолска улица. Револтиран од загубата на апаратите, 53-годишен битолчанец решил правдата да ја земе во свои раце – и тоа со секира. Откако претходно ги прокоцкал своите средства, тој извадил ладно оружје скриено под јакната и со замавнување ја присилил вработената да му „врати“ 8.600 денари од прометот.

Осомничениот, кој и претходно му е познат на законот, сега се соочува со истрага за разбојништво. Обвинителството во Битола веднаш побара притвор, алармирајќи дека овој „рецидивист“ со секира претставува сериозна опасност за околината и дека лесно би можел да го повтори делото или да исчезне.

Continue Reading

Црна Хроника

Насилство меѓу ученици во Скопје: малолетник претепан пред основно училиште

Малолетно дете било физички нападнато од свои соученици пред основно училиште на подрачјето на општина Гази Баба, соопштија од полицијата.

Според пријавата во СВР Скопје, на 15 декември 2025 година во 11:30 часот, А.Џ. (37) од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 12 декември околу 12:00 часот, кога нејзиниот малолетен син бил нападнат од тројца негови соученици пред училишниот објект.

По пријавениот случај, надлежните служби започнале постапка за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Почина поранешен ММА борец на 45 години

Поранешниот ММА борец Џеронимо „Мондрагон“ дос Сантос почина на 45-годишна возраст, откако трагично се удавил во реката Рио Негро во Бразил. Веста за неговата смрт беше потврдена по неколкудневна потрага, а телото беше пронајдено на неколку километри од местото каде што последен пат бил виден.

Несреќата се случила во саботата, на 13 декември, кога Дос Сантос престојувал на плажа покрај реката заедно со својот партнер. Тој решил уште еднаш да се нурне пред заминување, но повеќе не излегол на површината. Подоцна неговиот брат открил дека „Мондрагон“ не знаел да плива. Иако веднаш била организирана спасувачка акција со бродови, потрагата завршила трагично.

Телото било пронајдено во понеделникот, 15 декември, од нуркачи на противпожарната служба, потопено под карпи во речното корито. Општината Сао Габриел да Качоеира официјално ја потврди смртта и прогласи тридневна жалост.

Дос Сантос зад себе остави богата, но и турбулентна боречка кариера. Во професионалниот ММА имаше скор од 45 победи, 26 порази и едно реми, настапувајќи во повеќе меѓународни организации. Дел од својата кариера ја мина и во хрватската организација FNC, каде во септември 2022 година се бореше за титулата во тешка категорија.

Во 2012 година потпиша договор со UFC, но неговото деби никогаш не се реализираше откако медицинските тестови покажаа дека има хепатитис Б. Поради здравствените проблеми и недобиената дозвола за настап, две години подоцна побара раскин на договорот.

Неговата последна борба ја имаше во април годинава во Bare Knuckle Fighting Championship, каде со нокаут во првата рунда го совлада поранешниот UFC борец Алексеј Олеиник. Планираниот меч со Андреј Арловски во јуни беше откажан.

Смртта на Џеронимо „Мондрагон“ дос Сантос предизвика бројни реакции во боречката јавност, која го памети како борец со силен дух и необичен животен пат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг