Connect with us

Економија

Димитриеска – Кочоска: Министерството за финансии и ФИНКИ ја зајакнуваат соработката

Министерството за финансии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа Меморандум за соработка, кој отвора нови можности за заеднички проекти, истражувања, обуки, конференции и дигитални иновации.

Целта на соработката е унапредување на развојот на јавните политики, поддршка на процесот на дигитализација во Министерството за финансии и зајакнување на капацитетите на вработените преку континуирано учење и усовршување.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, истакна дека овој Меморандум е дел од стратегијата за градење партнерства со академската заедница и поттикнување на стручна размена во области од заемен интерес.

„Соработката со ФИНКИ ќе овозможи споделување на знаења и експертиза, како и развој на иновативни дигитални решенија, што директно ќе ја подобри ефикасноста на јавниот сектор,“ истакна Димитриеска – Кочоска.

Со оваа иницијатива, Министерството за финансии ја потврдува својата посветеност на модернизацијата и на унапредувањето на стручниот капацитет на своите вработени.

Економија

Германија урива модерна термоелектрана, Кина инвестира во јаглен: Се менува глобалната енергетска рамнотежа

germanija

Германија ја урна една од своите најмодерни термоелектрани на јаглен, објект стар само шест години, чија изградба чинела околу 3 милијарди евра и имала капацитет од 1.650 мегавати електрична енергија. Одлуката е дел од германската стратегија за напуштање на јагленот и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија, во согласност со климатските цели на Европската унија.

Сепак, потегот предизвика бројни реакции и критики во јавноста и индустриските кругови. Дел од економистите и стопанствениците предупредуваат дека ваквите одлуки ја ослабуваат енергетската стабилност на земјата, ја зголемуваат цената на електричната енергија и негативно влијаат врз конкурентноста на германската индустрија. Во контекст на енергетската криза и зголемената зависност од увоз, сè почесто се поставува прашањето дали темпото на енергетската транзиција е одржливо.

Во исто време, Кина оди по сосема поинаков пат. Земјата продолжува интензивно да гради нови термоелектрани на јаглен, со темпо од приближно две нови централи неделно. Иако официјален Пекинг паралелно инвестира и во обновливи извори, јагленот и натаму останува столб на кинеската енергетска и индустриска политика.

Овој контраст меѓу германскиот и кинескиот пристап сè почесто се наведува како симбол на пошироката глобална промена. Додека дел од европските економии се соочуваат со деиндустријализација и повисоки производствени трошоци, индустриското производство, инвестициите и геополитичкото влијание постепено се префрлаат кон Кина и други азиски земји со пофлексибилна енергетска политика.

Прашањето што останува отворено е дали Европа, а особено Германија како нејзин индустриски мотор, ќе успее да ја одржи економската сила во услови на брза енергетска трансформација — или цената на климатските амбиции ќе се покаже повисока од очекуваното.

Resist CBDC on X: “Germany 🇩🇪 demolished its most modern coal fired plant – only six years old – €3 billion – Produced 1650 MW Germany’s economy craters starved for energy. China 🇨🇳 continues to build 2 new coal fired plants every week. Industrial production & global influence move to China. https://t.co/8oRMyGxsNs” / X

Continue Reading

Економија

Трезорот продолжува со редовни исплати – субвенции, плати и капитални расходи реализирани

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година.

Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции за зелена нафта, овчарство, капитални проекти на коридорите 8 и 10 Д, исплата на две транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, како и средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози.

Дополнително, во текот на минатата недела се реализирани и средства за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и поврат на придонеси кон заштитни организации, се наведува во соопштението од Министерството.

Continue Reading

Економија

100 возила за „Македонска пошта“: Подобрување на услугите и заштита на државниот капитал

„Македонска пошта“ ќе добие 100 нови возила како донација од Владата, што ќе ја подобри достапноста и квалитетот на поштенските услуги низ целата земја. Од вкупниот број, 90 ќе бидат помали комбиња, а 10 големи комби возила, наменети за поголема оперативна ефикасност.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на јавниот состанок на Агенцијата за пошти истакна дека целта е заштита и развој на државниот капитал, како и подигање на квалитетот на услугите кон граѓаните. Тој најави законски измени и консултации со сите чинители на поштенскиот пазар за унапредување на условите за работа во „Македонска пошта“.

– Многу е лесно профитабилниот дел од пазарот да се земе, додека „Пошта“ ја носи целата општествена одговорност. Ситуацијата мора да се промени – потенцира Николоски, нагласувајќи дека целта е државната компанија да се издигне, а не да пропаѓа.

Тој посочи дека Агенцијата за пошти има клучна улога во регулацијата на пазарот, заштитата на конкуренцијата и правата на корисниците. Во моментов на пазарот се регистрирани 29 правни лица, што укажува на висока конкуренција.

– Со новите мерки ќе се работи на зголемување на ефикасноста на услугите преку намалување на трошоците до 15 проценти и подобрување на индикаторите за профитабилност за ист процент – додаде Николоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг