Connect with us

Црна Хроника

МВР со детали од денешната акција

Лишени од слобода 15 лица, меѓу кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие, со пустошење на шуми предизвикале штета од околу 6.405.000.000 денари

На 18/19.09.2025, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“, „давање поткуп“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Берово и една локација во Пехчево. Притоа, од слобода се лишени 15 лица, од кои дел од нив се службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи, во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ и службено лице вработено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лица кои вршеле сеча и транспорт на дрва. При претресите се пронајдени и одземени парични средства околу 185.000 евра, 318.000 денари, повеќе телефонски апарати, документација, две ловечки пушки и воздушна пушка, 75 куршуми калибар 12 мм и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.
Денека (19.09.2025), Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против сите 15 физички лица и против едно правно лице, и тоа против Т.К.(35) за „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“ и „давање поткуп“, против О.М.(37) за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Е.И.(29) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.Р.(46) , В.В.(49) , Б.Ш.(49) , Д.В.(61) и Б.М.(47) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.А.(39), А.К.(38) и Н.А.(43) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „пустошење на шуми“ и „примање поткуп“, против П.К.(61), М.С.(30) и В.М.(54) за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Ј.А.(36) за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“ и против правно лице од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомненеи за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.

Имено, во текот на 2025 година пријавените Т.К., О.М. и Е.И. формирале злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело пустошење на шуми, на начин што покрај легалната сеча на дрвна маса на територијата на општина Берово (с.Двориште), вршеле и нелегална сеча, транспорт и продажба, како би оствариле противправна имотна корист за себе и за сметка на правното лице, а на штета на државниот буџет.

Пријавените Г.А., А.К. и Б.Ш., спротивно на Статутот, Законот за шумите, Правилникот за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни асортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечени дрва, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници (чл.8, чл.9, чл.12 и чл.13) и Правилникот за систематизација на работни места при ЈП „Национални шуми“ им овозможувале на организаторите нелегално исечената дрвна маса да биде транспортирана, ставена во промет и дистрибуирана до правното лице, како и до крајните корисници, наводно поткрепена со соодветна документација, за што им бил исплаќан паричен надоместок-поткуп за да го извршат дејствијето. Исто така, покрај вработените во ЈП „Национални шуми“, организаторите биле навремено известувани за вршење на контроли по пријави од граѓани и од страна на пријавената Д.В..

Во нелегалната сеча се приклучил и пријавениот Н.А., кој во два наврата за две различни локации побарал и примил поткуп, со тоа што во август и септември им понудил на организаторите да извршат сеча на опожарена шума, без да биде објавен јавен повик, со што им овозможил дрвната маса слободно да ја пуштат во легалниот промет.

В.В., Б.М. и Г.Р., заедно со Е.И. и по насоки на Т.К., оддавале информации за движење на контролните патроли од МВР во пределот на с.Двориште, како и не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности. Исто така, В.В. посредувал при продажбата на нелегално исечената дрвна маса, иако бил запознаен дека организаторите за добивање на документацијата давале поткуп, додека Б.М. оддал информација за реализација на предмет поврзан со криминалната група.

П.К., татко на Т.К., М.С. и Ј.А., по насока на Т.К. вршеле бесправна сеча во пределот на с.Двориште, утовар на истата и превоз до одредена локација, иако не биле вработени во правното лице кое имало добиено лиценца за сеча, истите знаеле и биле свесни дека вршат сеча надвор од локацијата, додека пак пријавената В.М. евидирала како сопственик и управител на правното лице преку кое се вршела продажба на дрвна маса, како преработка на дрвна маса за даски и греди за градежни потреби и изработка на пелети за греење.
Со горенаведените инкриминирани дејствија, пријавените физички лица и правниот субјект предизвикале опустошување на околу 6.000 хектари шумска површина и исекле околу 1.500.000 кубни метри дрвна маса во вредност околу 6.405.000.000 денари.

Advertisement

Црна Хроника

Ескалација на конфликт во Аеродром – тепачка на паркинг простор

Жестока расправија на паркинг простор во скопската општина Аеродром кулминираше со физички напад во раните утрински часови денеска.

Околу 02:25 часот, 42-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип, пријавил во СВР Скопје дека бил нападнат од О.А. (37) од Скопје. Инцидентот се случил по претходна, очигледно вжештена, вербална пресметка.

Според полицискиот извештај, Пробиштипјанецот е жртва на агресијата, која се случила на паркинг, без да се прецизира дали станува збор за приватен или јавен простор.

Полицијата веднаш презеде мерки за расчистување на случајот. Од СВР Скопје најавуваат дека по целосното документирање и собирање на доказите, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок – најверојатно кривична пријава за насилство.

Continue Reading

Црна Хроника

Падна шверцерска шема на автопатот – возила полни со брендирана стока

Лишени од слобода две лица, запленети 272 парчиња разновидна брендирана стока, 174 парчиња разновиден рачен алат без документација

На 14.12.2025 на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје. Полициските службеници прво сопреле патничко возило “Голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а лицето е лишено од слобода.

Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Меѓу загинатите во масакрот на плажа во Сиднеј е и член на македонскиот клуб Рокдејл Илинден

Австралија е завиена во црно по ужасниот терористички напад кој вчера се случи на популарната плажа Бонди во Сиднеј, одземајќи ги животите на 16 невини луѓе. Меѓу жртвите е и Ден Елкајам, 27-годишен француски фудбалер и член на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ од Австралија.

Масакрот, кој властите го квалификуваат како терористички чин, ја шокираше јавноста. Австралиските служби потврдија дека нападот го извршиле татко и син. Додека еден од напаѓачите е убиен, другиот е приведен. Покрај 16-те загинати, уште 42 лица се хоспитализирани со повреди. Настанот се случил додека на плажата се одржувал еврејски фестивал.

Трагичната вест за смртта на Елкајам ја потврди и Лу Тасевски, потпретседателот на „Рокдејл Илинден“, изразувајќи длабока тага.

„Јас сум скршен од болка. Мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, изјави Тасевски за локалните медиуми, нагласувајќи ја длабочината на загубата.

Елкајам, француски државјанин, играше за клубот изминатите 12 месеци и беше исклучително ценет од соиграчите, тренерите и целата управа. Покрај фудбалот, кој му беше голема страст, младиот Французин живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ-аналитичар во NBC Universal. Беше познат по својата љубов кон плажите во Сиднеј и истражувањето на австралискиот континент, а неговата прерана смрт остави празнина во животите на сите кои го познаваа.

From Rockdale Ilinden FC Juniors It is… – Rockdale Ilinden FC | Facebook

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг