Connect with us

Република

Коњановски ја додели „Златна Камера 300“ на турскиот режисер Семи Капланоглу

Со свечена церемонија во Битола започна 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, посветен на уметноста на сликата и филмската камера.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја врачи наградата „Златна Камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија на турскиот режисер Семи Капланоглу.

Во своето обраќање, Коњановски истакна дека фестивалот е повеќе од културен настан, нарекувајќи го „симбол на идентитетот на Битола и културен мост што ја поврзува локалната приказна со светот“.

„Како градоначалник, но пред сè како битолчанец, горд сум што Битола е домаќин на еден од најзначајните културни настани во регионот. Наша должност е да ја поддржуваме уметноста и да ја чуваме традицијата,“ нагласи тој.

На отворањето се обратија и директорот на фестивалот Димитрија Доксевски, претседателот на ДФРМ Игор Иванов – Изи, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео порака го прогласи фестивалот за отворен.

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој е дел од официјалната конкуренција за „Златна Камера 300“, го отвори овогодинешното фестивалско издание.

Во наредните седум дена, Битола ќе живее во знакот на филмот, со бројни проекции на светски признати остварувања прикажани на најпрестижните фестивали.

Република

Во понеделник седница на Советот на Битола: буџет за 2026, ФК „Пелистер“ и поддршка за здруженија

За в понеделник, 29 декември, закажана е 4-та седница на Советот на Општина Битола, на која советниците ќе расправаат по вкупно 87 точки на дневниот ред.

Како прва точка е предвидено донесување заклучоци против дезинформациите поврзани со наводни мигрантски кампови. На дневен ред ќе се најде и Одлука за давање согласност и овластување за потпишување прелиминарен преддоговор за стратешко и инвестициско партнерство на ФК „Пелистер“ АД Битола.

Советот ќе одлучува и за давање на користење без надоместок простории во сопственост на Општина Битола, за период од 10 години, на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Битола, КУД „Илинден“ Битола, Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“ Битола и Здружението Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ Битола.

Дополнително, ќе се разгледуваат и одлуки за користење без надоместок простории за период од три години за Центарот за развој на Ромската заедница „Баирска светлина“ Битола, како и за период од две години за Здружението на пензионери на Битола.

На последната седница на Советот во оваа календарска година, пред советниците ќе се најде и Буџетот на Општина Битола за 2026 година.

Од денеска започнаа и комисиските расправи, кои, како и седниците на Советот, можат да се следат во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Општина Битола.

Continue Reading

Република

ВЛЕН најавува изборна офанзива: Работа за Гостивар, обединување за Врапчиште

Општините не смеат да бидат прибежиште за политичко преживување, туку одговорност за работа, развој и вистинска услуга кон граѓаните. Во тој дух, коалицијата ВЛЕН го продолжува консолидирањето на изборните структури во пресрет на локалните избори закажани за 11 јануари.

Во Гостивар, како што се посочува, граѓаните добро паметат дека последниот период на сериозна и посветена работа бил за време на раководењето на Невзат Бејта. Денес, велат од ВЛЕН, време е градот повторно да се врати на вистинскиот пат, да се работи и да се санираат штетите од импровизациите. Во таа насока се зајакнува и изборната организација, при што Бахар Шабани ја презема одговорноста за раководење со изборниот штаб.

Во Врапчиште, потребата од поголемо внимание, развој и подобра благосостојба е очигледна. Зулхајрат Демири, независен кандидат поддржан од ВЛЕН, се истакнува како обединувачка фигура со широка поддршка од граѓаните. Тоа, според коалицијата, се одразува и во организацијата на кампањата, каде за раководител на изборниот штаб е избран Буњамин Кадриу.

Од ВЛЕН порачуваат дека локалните избори на 11 јануари се избор меѓу работа и импровизација, меѓу одговорност и политичко преживување, нагласувајќи дека секогаш ќе бидат на страната на граѓанинот, работникот и секој глас што бара функционални општини и подобар живот.

Continue Reading

Република

Четири тетовски села утре ќе бидат без струја

Дел од тетовските села Цепчиште, Јажинце, Доброште и Слатино утре, 23 декември 2025 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Во селото Џепчиште без струја ќе останат објекти кои се наоѓаат кон центарот на селото, додека во Јажинце прекинот ќе ги зафати објектите во близина на џамијата. Во Доброште и Слатино без напојување ќе бидат делови од селата, согласно планираните активности.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да преземат потребни мерки за време на прекинот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг