Ова се најдобрите земји за живот и работа за странци во 2025 година

Најновото истражување на InterNations Expat Insider за 2025 година ја откри листата на земји каде што странците најлесно се прилагодуваат, заработуваат најдобро и уживаат во висок квалитет на живот. Според анкетата, Панама и Колумбија се на врвот, додека Соединетите Американски Држави паднаа на 36-то место.

Во истражувањето учествуваа 10.085 лица од 46 земји, а оценките се базираа на пет категории: работа во странство, лични финансии, квалитет на живот, основни потреби и леснотија на прилагодување. Катрин Чудоба, директорка за маркетинг во InterNations, наведува дека земјите од Азија и Латинска Америка стануваат се повеќе привлечни за иселениците, особено поради важноста на стабилните лични финансии.

Панама за втора година по ред е прогласена за најдобра земја за иселеници. Дури 94 отсто од испитаниците се задоволни од животот таму, а трошоците за живот се во просек 36,3 отсто пониски отколку во САД. Колумбија направи голем скок на листата, од петтото на второто место, со високо задоволство од финансиската стабилност и пониски трошоци за живот и кирија.

Топ 10 земји за странци во 2025 година се:

Панама

Колумбија

Мексико

Тајланд

Виетнам

Кина

Обединети

Арапски

Емирати

Индонезија

Шпанија

Малезија

Според експертите, САД не се меѓу најдобрите поради високите трошоци за живот, ограничен пристап до услуги и здравствена заштита, како и послаба оценка за политичка стабилност и лична слобода.