Антициклон: Многу сонце, но посвежо утро во нашата Македонија

Територијата на нашата Република Македонија и понатаму останува под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок). Токму ова услови денешното утро (понеделник 22 септември) во нашата Македонија да биде ведро и сончево без никаква облачност. Претежно е тивко и без некој изразен ветер.

Денешното утро и понатаму е посвежо, но со повисоки минимални температури за разлика од изминатите утрини.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени утрово до 8 часот по градови и места во нашата Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.