[ВИДЕО] Украина собори два руски амфибиски авиони Бе-12 на Крим

Украинската воена разузнавачка служба (УР) соопшти дека нејзините сили за прв пат уништиле два руски амфибиски авиони Бе-12 „Чајка“ на окупираниот Крим. Нападот, изведен на 21 септември од специјалната единица „Примари“, беше документиран со видео-материјал.

„Ова е прв случај во историјата кога е соборен авион од типот Бе-12“, истакна украинската страна.

Бе-12 е советски амфибиски авион, наменет за антиподморнички операции и опремен со системи за детекција и уништување подморници.

Покрај тоа, во посебна акција украинските сили тврдат дека собориле и руски хеликоптер Ми-8. Ден претходно, беше објавено уништување на уште три хеликоптери Ми-8 и една радарска станица на Крим.

Овие операции се дел од засилената украинска офанзива врз клучни воени цели на полуостровот, кој е под руска окупација од 2014 година.