Connect with us

Спорт

Престон Лајонс од Австралија го победи Вардар во Скопје со 4:2

Најмакедонскиот тим од дијаспората, Престон Лајонс од Австралија, денеска беше гостин на Вардар на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје и славеше победа со 4:2.

Гостите од Австралија поведоа со 1:0, а Вардар изедначи на 1:1. Следуваа два гола на Престон за водство од 3:1. Вардар повторно се врати од пенал за 3:2, но во финалните минути на натпреварот, Престон го постави конечниот резултат 4:2.

Престон Лајонс ќе останат во Македонија уште неколку денови, а во четврток ќе одиграат пријателски натпревар против Пелистер во Новаци.

Фото: Ангел Костоски/mfl.mk

Advertisement

Спорт

Навивачите ќе бидат наградени: ФИФА воведува посебни билети за најверните

ФИФА воведе нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета исклучиво за најверните навивачи. Според најавата, околу 10% од вкупниот капацитет на стадионите ќе бидат префрлени од најевтината сегашна категорија („ниво на вредност“) во новата „ниво на влез“.

Билетите во оваа категорија ќе имаат фиксна цена од 60 долари за сите натпревари на сите национални селекции, без разлика на мечот или локацијата. Но, овие билети нема да бидат достапни за слободна продажба преку официјалната ФИФА платформа – наместо тоа, секоја национална асоцијација ќе ги додели на своите најлојални навивачи.

Седиштата за оваа специјална категорија ќе бидат сместени во горниот дел на трибините, што ќе овозможи посебна атмосфера за навивачите кои секогаш ја покажуваат својата верност на тимот.

Continue Reading

Спорт

КОНКУРС за идејно решение за изработка на пехар за шампион на Македонија во ПРВА МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига.

Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.

Право на учество:

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз.

Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

Кратко образложение за концептот на пехарот.

Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).

Предлог материјали, висина и форма на пехарот.

Контакт информации.

Критериуми за избор

Креативност и оригиналност

Препознатлив македонски визуелен идентитет

Функционалност и издржливост

Можност за реализација

Естетика и симболика

Рок и начин на доставување

Идејните решенија се доставуваат електронски на:ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15. март 2026.

Continue Reading

Спорт

ПСЖ и Фламенго во финалето за Интерконтиненталниот куп

Вечерва во 18:00 часот, на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, во големото финале на Интерконтиненталниот куп, силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Фламенго. Французите го бркаат својот прв светски трофеј во историјата, додека Бразилците сакаат да се вратат на тронот по пауза од цели 44 години.

Тимот на Луис Енрике пристигнува во Доха со амбиција конечно да ја круниса својата европска доминација со глобален печат. Како актуелни шампиони на Европа, ПСЖ имаа привилегија на директен билет за финалето, но патот до овој момент не беше без трње. Се уште се под впечаток од летниот пораз од Челзи (0:3) во финалето на Светското клупско првенство, а притисокот е зголемен и поради неизвесната трка во домашното првенство каде Ленс им дише во врат.

Сепак, токму во Катар започна нивната златна серија со триумфот над Монако, а со враќањето на Усман Дембеле и голманот Лукас Шевалие, Енрике верува дека ќе успее да го земе трофејот. Единствен голем хендикеп останува отсуството на брзоногиот Ашраф Хакими.

Од другата страна стои „црвено-црната“ лавина од Рио де Женеиро. Фламенго преживува ренесанса под палката на Филипе Луис. Откако во само седум дена ги покорија Бразил и Јужна Америка (Копа Либертадорес), сега нивниот нишан е насочен кон светот.

Навивачите на Фламенго со децении го прераскажуваат митот за 1981 година и лекцијата одржана на Ливерпул (3:0). Денешниот тим, предводен со тактичката дисциплина, сака да го повтори тој подвиг. Иако настапот на голгетерот Педро е под знак прашалник, Фламенго покажа дека знае како со европските гиганти, потсетувајќи на неодамнешната победа над Челзи (3:1).

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг