Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Утрово на регионалниот пат Велес – Градско, кај селото Ногаевци, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две патнички возила и трактор, соопшти СВР Велес.

Во сударот учествуваа возилата „голф“ и „форд“ и трактор без регистарски таблички. Повреди беа констатирани кај возачот на тракторот и сопатникот во „голф“, кои веднаш се пренесени на понатамошно лекување во велешката болница.

Според АМСМ, сообраќајот на патниот правец кај крстосницата за Ногаевци е нормализиран по прекин од речиси два часа, а увид на местото на несреќата извршија екипи од СВР Велес.