Закани со огнено оружје на „Илинденска“ – полицијата приведе 39-годишник

На 22.09.2025 во 16:30 часот  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско  затоа што  на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје  кон Е.С. (22) од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.