Супертајфунот „Рагаса“ пустоши во Азија: над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во Кина – објавени застрашувачки видеа

Јужна Кина, Тајван и Филипините се соочуваат со последиците од супертајфунот „Рагаса“, најсилната бура во светот оваа година. Силните ветрови и обилните врнежи предизвикаа огромни поплави и разурнувања.

Во Тајван досега се потврдени 14 жртви, а над 100 лица се водат за исчезнати. Во Кина, пак, властите евакуираа речиси 2 милиони жители и во десет градови ги затворија училиштата, фабриките и компаниите.

Стихијата направи пустош и на Филипините, а според CNN, брзината на ветерот во Хонгконг достигнала 168 километри на час. Иако тајфунот почнува да слабее, кинеските власти предупредуваат дека невремето ќе трае уште неколку часа.

Социјалните мрежи, особено „Твитер“, се преплавени со видеа од уништената инфраструктура, поплавите и силните ветришта. Експертите предупредуваат дека климатските промени ја зголемуваат разорната моќ на секоја следна бура во регионот.