[ВИДЕО] Трамп: “Не дека се фалам, ама стварно сум добар”

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот на Генералното собрание на Обединетите нации истакна дека бил „во право за сè“ додека ги предупредувал светските лидери за опасностите од „уништување на сопствените земји“.

Трамп го поврза ова со „измамата на зелената енергија“, мислејќи на инвестиции во проекти за борба против глобалното загревање, како што се ветерните турбини. Тој се пофали дека има „најпродавана капа“ од својата претседателска кампања со натпис „Трамп е во право за сè“ и додаде дека тоа не е лажно фалење, туку констатација на вистината.