Connect with us

Црна Хроника

Акција во Тетово: Приведени 13 лица – Детали од полицијата

На 24.09.2025 во периодот од 10:30 до 14:00 часот  на подрачјето на Тетово, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово, на улица „Маршал Тито“ и на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, ги приведоа Б.М.(29), А.Ц.(23), Ч.Љ.(27), Ф.Љ.(34), К.Л.(53) и Р.Љ.(33), сите од Р.Косово и М.С.(46), К.К.(40), Г.Д.(36), Ф.О.(32), Р.Л.(38) А.П.(33) и еден малолетник, сите од Република Албанија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој во државата, односно престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Advertisement

Црна Хроника

Хорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 23.05.2025 на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, тетовско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Continue Reading

Црна Хроника

Драма во Скопје: Возач со мерцедес удрил полицаец и избегал

Лишен од слобода возачот кој во Скопје со возило „мерцедес“ удри во полициски службеник и избега од местото на настанот, следува кривична пријава

Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Ескалација на конфликт во Аеродром – тепачка на паркинг простор

Жестока расправија на паркинг простор во скопската општина Аеродром кулминираше со физички напад во раните утрински часови денеска.

Околу 02:25 часот, 42-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип, пријавил во СВР Скопје дека бил нападнат од О.А. (37) од Скопје. Инцидентот се случил по претходна, очигледно вжештена, вербална пресметка.

Според полицискиот извештај, Пробиштипјанецот е жртва на агресијата, која се случила на паркинг, без да се прецизира дали станува збор за приватен или јавен простор.

Полицијата веднаш презеде мерки за расчистување на случајот. Од СВР Скопје најавуваат дека по целосното документирање и собирање на доказите, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок – најверојатно кривична пријава за насилство.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг