Connect with us

Република

Приведен криминалец од Гостивар за издржување затворска казна од три години

На 25.09.2025 во 10:30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Галате го привеле Ф.Т.(56) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418-а став 3 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Advertisement

Република

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја

Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре (24 декември 2025 година) повеќе делови од Тетово и околината ќе останат без електрична енергија.

Во Тетово, без струја ќе бидат објекти во населбата Поток во период од 09:00 до 14:00 часот. Дополнително, од 09:00 до 14:30 часот електрична енергија нема да имаат делови од градот, и тоа објекти на улицата Благоја Тоска во близина на Блок 82, како и објекти на улицата Киро Ристовски – Дрнц.

Планирани прекини ќе има и во околните населени места. Во селото Сараќино, делот кај црквата ќе биде без струја од 09:00 до 14:30 часот, додека во истиот временски период без електрична енергија ќе биде и дел од селото Озормиште.

Continue Reading

Република

Учениците на „Кочо Рацин“ ја разубавија битолската „Зимска приказна“ со новогодишна приредба

Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ја збогатија битолската празнична магија со својата традиционална новогодишна приредба, дел од овогодинешната манифестација „Зимска приказна“.

На сцената во Центарот за култура, малите уметници ги оживеаја „Новогодишните желби на Анабел“ – приказна за мало теле што стана ирвас и момче кое повторно го најде својот глас, емотивна порака за добрината, надежта и љубовта.

Преку театарската игра и уметничките настапи, учениците посочија дека празниците се време не само за желби, туку и за дарување. „Да бидеме поддршка, да бидеме насмевка, да бидеме ѕвездена светлина. Нека оваа празнична приказна потсетува на вистинските вредности и ни дава верба во чудеса“, порачаа младите актери.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој заедно со директорката Драгана Кирковска доби благодарница, новогодишна честитка и украс изработени од учениците, како знак на признание за нивниот труд и посветеност.

Continue Reading

Република

Во понеделник седница на Советот на Битола: буџет за 2026, ФК „Пелистер“ и поддршка за здруженија

За в понеделник, 29 декември, закажана е 4-та седница на Советот на Општина Битола, на која советниците ќе расправаат по вкупно 87 точки на дневниот ред.

Како прва точка е предвидено донесување заклучоци против дезинформациите поврзани со наводни мигрантски кампови. На дневен ред ќе се најде и Одлука за давање согласност и овластување за потпишување прелиминарен преддоговор за стратешко и инвестициско партнерство на ФК „Пелистер“ АД Битола.

Советот ќе одлучува и за давање на користење без надоместок простории во сопственост на Општина Битола, за период од 10 години, на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Битола, КУД „Илинден“ Битола, Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“ Битола и Здружението Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ Битола.

Дополнително, ќе се разгледуваат и одлуки за користење без надоместок простории за период од три години за Центарот за развој на Ромската заедница „Баирска светлина“ Битола, како и за период од две години за Здружението на пензионери на Битола.

На последната седница на Советот во оваа календарска година, пред советниците ќе се најде и Буџетот на Општина Битола за 2026 година.

Од денеска започнаа и комисиските расправи, кои, како и седниците на Советот, можат да се следат во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Општина Битола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг