Connect with us

Скопје

ИНТЕРВЈУ ЗА КУРИР на Ѓорѓиевски: Град Скопје ќе ги ослободи младите од комуналии за градење куќа

Амбициозни проекти, искрена желба за работа и визија за подобар град. Скопје без депонии и без урбанистички хаос, со функционален јавен превоз и јавни претпријатија кои си ја вршат работата. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во интервју за Курир говори и за планот кој го има за депониите во градот. Во неговата програма се вклучени и многу проекти за младите, за подобри услови и иднина дома. Специјализирани зони за дискотеки, модерна Зоолошка градина и конечно Луна Парк за сите генерации и семејно дружење.

Како би го опишале Град Скопје со сите негови предизвици денес, и како го замислувате после четири години, доколку ја добиете довербата од граѓаните? Што е тоа што лично ве мотивира да ја преземете функцијата градоначалник?

Ѓорѓиевски: Скопје денес е град со огромен потенцијал, но и со сериозни наталожени проблеми. Сообраќајниот метеж, загадувањето, недоволната хигиена, урбанистичкиот хаос и нефункционалните јавни претпријатија се само дел од нив. Јас го гледам Скопје како град кој за четири години ќе биде почист, поорганизиран и со јасна визија за наредните децении, град кој ќе им служи на граѓаните, а не обратно. Не се плашам од предизвикот, напротив, токму предизвиците ме мотивираат уште повеќе. Во Кисела Вода наследив долг од три милиони евра, но тоа не го сфатив како пречка, туку како дополнителен мотив уште поенергично да се зафатам со проекти. Денес сосема променетиот лик на Кисела Вода е доказ дека со визија, чесност и посветеност може да се направи драстична промена. На ист начин ја гледам и функцијата градоначалник на Скопје – како шанса градот да излезе од катастрофалната состојба и да добие нова насока за долгорочен развој.

Доаѓам со јасна и конкретна програма која нуди решение за сите досега согледани проблеми и со план кој е издржан и остварлив. Силно верувам и во понудената листа на советници на ВМРО-ДПМНЕ, од која и јас доаѓам, и сум убеден дека граѓаните ќе ни ја дадат поддршката за заедно да ги реализираме сите добри проекти и идеи. Моето искуство од Кисела Вода ми дава дополнителна сигурност. И таму советниците најчесто акламативно ги поддржуваа проектите кои беа квалитетни и во интерес на граѓаните, иако дел од нив припаѓаа на опозициони партии. Верувам дека така ќе биде и во Советот на Град Скопје – добрите идеи секогаш треба да добијат поддршка, бидејќи само така може да го движиме градот напред.

Целото интервју може да го прочитате на Курир.мк

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг