Масовен прекин на струја во Мексико: 2,2 милиони луѓе останаа без електрична енергија

Повеќе од 2,2 милиони жители на југоисточен Мексико останаа без струја поради дефект на далноводите, соопшти државната енергетска компанија CFE. Прекинот ги зафати државите Јукатан, Кампече и Кинтана Роо, каде што се наоѓаат и популарните туристички дестинации Канкун и Тулум.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум соопшти на социјалната мрежа X дека техничарите веднаш започнале работа на стабилизирање на мрежата. Подоцна информираше дека електричната енергија е вратена во најголем дел од Мерида, главниот град на Јукатан, како и во Кампече и повеќе градови во Кинтана Роо, меѓу кои Четумал, Бакалар и Холбокс.

Од CFE појаснија дека прекинот се случил во петокот, нешто по 14 часот, за време на одржување на далноводот.