Ацо Дудулоски избран за нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист

Од компанијата „Македонијатурист“ АД Скопје преку Македонската берза соопштија дека Ацо Дудулоски е назначен за нов претседател на Управниот одбор на Друштвото.

Дудулоски доаѓа на местото на Горан Ташков, кој е разрешен од таа функција.

Покрај ова, за нов член на Управниот одбор е избран и Леонид Антиќ, претставник на акционерот „М.Г. Фешн“, а во составот на Одборот е и Маја Николoвска од акционерот „Промедика“.

„Македонијатурист“ е сопственик на повеќе познати угостителски капацитети, меѓу кои хотелите „Холидеј Ин“, „Бест Вестерн Хотел Турист“, „Карпош“, „Белви“, како и хотелите „Водно“, „Бристол“, „Јадран“, „Сарај“, како и ресторанот „Пивница“, кои моментално не работат.