pari

Нова измама во Тетово: 22-годишник останал без 1.600 евра

На 29.09.2025 во 15:30 часот во СВР Тетово, 22-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен за сума од 1.600 евра од А.И.(19) од Тетово. Според пријавеното, во периодот од 29.08. до 04.09.2025, во неколку наврати А.И. го довел во заблуда и му ги зел парите со цел да ги депонираат во некоја онлајн платформа каде ќе профитираат поголем износ на пари. Како што е пријавено, откако му ги дал парите, А.И. не му се јавувал на телефонските повиците, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.