Жена е убиена, а четири лица се ранети, меѓу кои и нејзиниот сопруг кој се бори за живот, во пукање што синоќа се случило во кафуле во белградската Вишњичка бања, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата во кафе-барот пронашла пиштол, а според првичните информации, брачната двојка не била мета на нападот – целта била друго лице кое во тој момент се наоѓало во локалот.
Во вооружениот напад животот го загубила Д.В. (51), додека со повреди се здобиле Љ.М. (42) и О.А. (59). Повредени се и Н.Н. (33) и Д.Р. (29), кои се пренесени во Ургентниот центар.
Полицијата ја активираше акцијата „Вихор 3“ и трага по бело комбе и најмалку двајца напаѓачи.
