Connect with us

Република

Утре без струја дел од Тетово

tetovo

На 1 октомври (вторник) без напојување со електрична енергија ќе останат делови од Тетово и село Камењане, поради планирани интервенции во мрежата.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе има во дел од Камењане, кај објектите во близина на ресторанот „Елита“.

Во Тетово, од 09:00 до 14:30 часот, струја ќе нема на дел од улицата „19 Ноември“, во близина на комплексот „Ловец“.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности.

Advertisement

Република

Македонскиот пасош на светската листа: рангиран 41-ви меѓу најмоќните во светот

Македонскиот пасош бележи напредок на светската сцена и оваа година се искачи повисоко на ранг-листата на најмоќни пасоши во светот, објавена од реномираната консултантска куќа „Хенли и партнерс“. Со позиција број 41, Македонија ја подобрува својата ланска позиција, кога се најде на 45-то место, што претставува јасен сигнал за зголемена меѓународна мобилност на македонските граѓани.

Според рангирањето, носителите на македонски пасош можат да патуваат без виза во вкупно 129 држави и територии ширум светот. Иако ова не е рекордната позиција за земјата – најдобриот пласман беше забележан во 2014 година, кога пасошот се најде на 36-то место – сегашниот скок сепак се оценува како позитивен тренд.

Во регионот, Хрватска убедливо води како сопственик на најмоќниот пасош на Балканот, со безвизен пристап до дури 184 дестинации, што ја вбројува и меѓу најдобрите во светот. Србија е позиционирана на 35-то место со 137 дестинации, додека Црна Гора е веднаш зад Македонија, на 42-ро место, со 128 земји без виза. Албанија и Босна и Херцеговина се наоѓаат во долниот дел од регионалната листа, со пристап до околу 120 дестинации, а Косово останува најслабо рангирано во регионот, на 63-то место.

На самиот врв на глобалната листа доминираат азиските земји – Сингапур го држи првото место со рекордни 193 дестинации без виза, по што следуваат Јужна Кореја и Јапонија. Високо се позиционирани и најголемите европски држави, како Франција, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија, чии пасоши им овозможуваат на граѓаните речиси неограничена слобода на движење.

Рангирањето на „Хенли и партнерс“ уште еднаш покажува дека силата на пасошот не е само симболична, туку директно влијае врз можностите за патување, бизнис и меѓународна соработка.

Continue Reading

Република

Јавна расправа за урбанистичкиот план на новиот реонски центар во Нова Битола

Во салата на Советот на Општина Битола денеска се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во населбата Нова Битола.

На настанот, граѓаните имаа можност детално да се запознаат со предлог-решенијата и активно да учествуваат во процесот со свои мислења, предлози и забелешки поврзани со планираниот развој на просторот.

Предложениот план предвидува создавање модерен и функционален урбан простор, со изградба на нов спортски комплекс, детска градинка, дом за стари лица, плоштад и повеќе јавни содржини наменети за жителите на овој дел од градот.

Јавната анкета за планот ќе трае до 16 јануари 2026 година, а заинтересираните граѓани дополнителни информации можат да добијат преку официјалната интернет-страница на Општина Битола.

Continue Reading

Република

Тоневски: Празнична радост од дечињата од градинката „Срничка“ во Општина Пробиштип

Во духот на новогодишните и божиќните празници, просториите на Општина Пробиштип денеска беа исполнети со детска радост и празнична атмосфера благодарение на посетата на дел од дечињата од детската градинка, објект „Срничка“.

Со искрени насмевки, ведрина и празнична магија, најмладите внесоа топлина во општинската зграда, создавајќи пријатна и емотивна атмосфера за сите присутни.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека децата се срцето и иднината на секоја заедница и дека нивната безгрижна радост е најубав потсетник за вистинските вредности во општеството.

Тоневски им упати искрени честитки за претстојните празници, посакувајќи им на дечињата среќна, здрава и успешна Нова година, исполнета со љубов и детска смеа. Тој упати и благодарност до вработените во градинката „Срничка“ за нивната грижа, посветеност и љубов кон најмладите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг