Ѓорѓиевски најави серозна поддршка за РК Вардар

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави сериозна институционална поддршка за ракометниот клуб Вардар, која ќе стартува од јануари следната година.

„Да живее Вардар и Скопје! Честитки момци и благодарам на честа! Во мене секогаш ќе имате партнер и пријател,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека Вардар е симбол на спортската традиција на Скопје и Македонија, и додаде дека градот ќе стои цврсто зад клубот за да продолжи да ги брани боите на државата на меѓународната сцена.

Видеото може да го погледнете тука