Connect with us

Спорт

Борко Ристовски започна со изградба на ново мултифункционално игралиште во Теарце

Во општина Теарце започна реконструкцијата на современо мултифункционално спортско игралиште, проект на Министерството за спорт кој има за цел да ја зајакне спортската инфраструктура низ целата држава.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи почетокот на работите, истакнувајќи дека новиот спортски комплекс ќе содржи фудбалски терен, терен за кошарка и фитнес зона на отворено – простор достапен за сите генерации.

„Нашата цел е спортот да биде достапен за секого, и во малите и во големите општини. Верувам дека со изградба на вакви игралишта ќе придонесеме физичката активност да стане секојдневна навика и начин на живот“, рече Ристовски.

Во изминатите 15 месеци, Министерството за спорт изгради и обнови повеќе од 30 мултифункционални игралишта низ државата. Програмата продолжува и во следниот период со нови проекти, со јасна цел – спортот да биде достапен за сите граѓани, без разлика во кој град или општина живеат.

Спорт

Среќен роденден, Столе Димитриевски!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му посакува среќен роденден на Столе Димитриевски.

Столе Димитриевски е македонски фудбалски голман, познат по своите одлични интервенции и стабилност на голот. Тој е редовен член на македонската репрезентација и има клучна улога во одбраната на тимот на меѓународни натпревари.

Continue Reading

Спорт

РК Пелистер слави 70 години, ветераните на клубот ќе играат ревијален натпревар

Битола повторно ќе дише ракометна историја. Оваа сабота, салата „Боро Чурлевски“ ќе стане сцена на спомени, емоции и легенди, откако РК Еурофарм Пелистер ќе го одбележи големиот јубилеј – 70 години од своето постоење.

Во чест на роденденот на клубот, ќе се одигра ревијален натпревар на ветераните, на кој пред битолската публика повторно ќе се појават имиња што оставиле длабока трага во македонскиот и европскиот ракомет. Од славните генерации на Пелистер, клубот засега потврди дел од легендите кои ќе истрчаат на теренот: Абдула Јусуфовски, Стевче Стефановски, Душан Новокмет, Александар Мирзамамедов, Слободан Николиќ, Златко Димитровски, Пепи Манасков, Касим Каменица, Цане Крстевски, Александар Зарков, Кире Поповски, Игор Николовски, како и уште многу други поранешни асови кои ја градеа приказната наречена Пелистер.

Настанот нема да биде само спортски спектакл. Јубилејот ќе биде заокружен со свечена академија и музичка програма, што ќе му даде посебна тежина и достоинствен тон на одбележувањето.

За битолската ракометна јавност, ова ќе биде повеќе од натпревар – ќе биде враќање во златните времиња, прослава на традицијата и симболичен поздрав со 2025 година, во духот на зелено-белата гордост.

Continue Reading

Спорт

Најдоски му порача на Ангеловски: Македонија нема потреба од поделби

Поранешниот репрезентативец Илија Најдоски упати сериозна критика кон поранешниот селектор Игор Ангеловски, реагирајќи на неговите јавни изјави и однесување во врска со актуелните случувања околу македонската фудбалска репрезентација.


„Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во времето на Благоја Милевски – наместо поддршка, имаше постојани опструкции, коментари и обиди за влијание. Таквото однесување не ѝ помогна ниту тогаш, а уште помалку ѝ помага сега на Македонија“, изјави Најдоски.


Тој нагласи дека во моменти кога е потребна единственост и поддршка, некои поединци повторно избираат лични конфликти и создавање негативна атмосфера.


„Репрезентацијата е над секој поединец и мора да остане така. Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија ‘стаорци’. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас“, додаде Најдоски.


Поранешниот капитен истакна дека нема намера да се впушта во лични препукувања, но смета дека ваквите изјави го надминуваат секој разумен дијалог.


„Искрено, не е име и презиме што заслужува реакција, но ова што се обидува да го наметне ја надминува секоја мера. Македонскиот фудбал нема потреба од поделби, навреди и лични фрустрации, туку од почит, одговорност и поддршка за репрезентацијата“, порача Најдоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг