Тепачка меѓу млади лица во скопски Карпош

Доцна синоќа, на 30 септември, во 22:45 часот, во СВР Скопје е пријавена тепачка во скопски Карпош.

Според полицијата, инцидентот се случил по претходно недоразбирање, кога бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Е.А. (18) и А.А. (24), двајцата жители на Скопје.

Полицијата извршила интервенција на местото на настанот, а случајот е документиран за понатамошно постапување.