Тешка несреќа во Скопје: Пешак удрен од автомобил на кружен тек

Попладнето на 30 септември, нешто по 17 часот, на кружниот тек на улицата Христо Татарчев во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак е тешко повреден.

Автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на селото Долно Количани, удрил во 54-годишен пешак од Агино Село, кој се движел по делницата. Поради ударот, човекот паднал и се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности под кои дошло до инцидентот.