Connect with us

Република

Претреси во Велес, пронајдена дрога, приведени две лица

На 01.10.2025 во 07:45 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(47) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е кафеава прашкаста материја. Исто така, со издадена судска наредба, извршен е претрес и во домот на 53- годишната Ѓ.Р. од Велес, каде била пронајдена и одзмена дигитална вага, по што, во СВР Велес со Ѓ.Р. бил извршен службен разговор.

С.М. е задржан полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Република

За 11 месеци Општина Велес исплатила 11,8 милиони денари за каснувања од бездомни  кучиња

Општина Велес во првите 11 месеци од годинава исплатила рекордни 11,8 милиони денари како отштета на граѓани каснати од бездомни кучиња, покажуваат податоците од локалната самоуправа.

Според информациите, бројот на пријавени случаи е значително зголемен, а меѓу оштетените има и цели семејства кои биле нападнати, како и поединци кои повеќепати биле каснати. Во еден од евидентираните случаи, исто лице било нападнато дури четири пати, по што добило соодветна отштета.

Надлежните посочуваат дека најголем дел од средствата се исплатени по судски одлуки, а трошокот сериозно го оптоварува општинскиот буџет. Истовремено, проблемот со бездомните кучиња останува нерешен и продолжува да предизвикува загриженост кај граѓаните.

Од Општина Велес најавуваат дека ќе се бараат долгорочни решенија за намалување на бројот на бездомни животни, како и мерки за зголемување на безбедноста на јавните површини, со цел да се спречат нови напади и дополнителни финансиски трошоци.

Continue Reading

Македонија

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа во рамки на истрага за корупција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е приведен во рамки на истрага што ја водат надлежните институции, а која се однесува на сомневања за коруптивни дејствија, информираат извори блиски до истрагата.

Според досегашните информации, приведувањето е извршено по наредба на обвинителството, кое спроведува предистражна постапка за наводни злоупотреби поврзани со вршењето на јавната функција. Деталите за случајот засега не се целосно соопштени, со оглед на чувствителноста на истрагата.

Од надлежните институции потврдуваат дека се преземаат повеќе истражни дејствија, вклучително и прибирање документација и испитување на лица, со цел целосно расветлување на настаните. Стафа, како и сите лица опфатени со постапката, ужива претпоставка на невиност до правосилна судска одлука.

Се очекува обвинителството во наредните денови да излезе со официјални информации за предметот, откако ќе завршат првичните истражни активности.

Continue Reading

Република

ВИДЕО: Битола секоја година се поубаво украсена

Битола повторно ја облече новогодишната светлина и ја отвори вратата за празничната магија што ја прави препознатлива. Улиците, плоштадите и сцените каде што и оваа година ќе се одвива „Зимската приказна“ засветкаа во празничен сјај, носејќи радост и топла атмосфера за граѓаните и посетителите.

Новогодишното украсување донесе свежа енергија и чувство на празнична возбуда низ целиот град, создавајќи амбиент кој секоја година изгледа сè поубаво и повпечатливо. Битола и овој декември е подготвена да ги пречека гостите со светлина, музика и празничен дух.

Со видео ви пренесуваме дел од атмосферата од градот под Пелистер, кој е подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма „Зимска приказна“, на радост на сите генерации.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг