Connect with us

Република

Тоневски: Поддршката од централната власт е клучна за развојот на Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, во гостувањето во „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“ истакна дека добрата соработка меѓу централната и локалната власт е суштински предуслов за успешен развој на општините.

„Централната власт е многу важна работа доколку е во спој со локалната власт. Во таков еден однос поддршката е многу поголема бидејќи целта и на локалната и на централната власт е иста. Ако е иста целта – многу полесно се оди кон реализација на тие програми што ние ги нудиме,“ рече Тоневски.

Тој додаде дека граѓаните ја препознаваат важноста на ваквиот однос и дека токму тоа претставува суштината на успехот: „Многу добро е за развојот на општината, градоначалникот да има добри релации со централната власт и да работат во ист правец. Затоа, во мојата програма се вградени проекти кои се тесно поврзани со поддршката од владините институции.“

Во однос на предизвиците во општината, Тоневски нагласи дека постојат проблеми кои локалната самоуправа не може сама да ги реши, при што како најголем пример ја посочи јаловишната депонија. Тој потенцираше дека, иако постоеле средства наменети за општините од унгарскиот кредит, актуелното општинско раководство не аплицирало за трајно решавање на депонијата, туку за „ситни, популистички проекти за предизборни поени“.

Република

Општина Битола: Панел дискусија за унапредување на услугите од јавните претпријатија

Општина Битола и Советот на Општина Битола организираат панел дискусија на тема „Како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија“, со цел отворање поширока јавна дебата за улогата и предизвиците на јавните претпријатија како сервис на граѓаните.

Во изминатиот период, јавните претпријатија се соочија со сериозни предизвици, почнувајќи од последиците од ковид пандемијата, преку енергетската криза, до напорите за нивна финансиска и организациска стабилизација. Токму овие состојби ја наметнуваат потребата од системско унапредување на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

На панел дискусијата ќе учествуваат градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, директорите на јавните претпријатија, како и експерти од областа. Отворена е покана и за поранешни директори, пратеници, советници, претставници на граѓански организации и медиумите, со цел да се обезбеди инклузивна и конструктивна расправа.

Настанот ќе се одржи в петок, на 19 декември, со почеток во 13:30 часот, во киното „Манаки“ во Битола.

Continue Reading

Република

Проданоски: Прилеп подготвен за Св. Никола – над 25.000 светиниколски сармички и богата празнична програма

Прилеп е целосно подготвен за одбележувањето на патрониот празник на градот – Св. Никола, со почитување на вековната традиција и силен дух на заедништво. Во пресрет на градската слава, околу 40 жени од четири прилепски здруженија – „Китка“, „Мајка Традиција“, „Преродба“ и „Орхидеја“ – започнаа со подготовка на препознатливите светиниколски мали сармички, кулинарски специјалитет карактеристичен само за Прилеп. Годинава ќе бидат подготвени повеќе од 25.000 посни сармички.

Градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со претставници на овогодишните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, ги посети жените во просториите на „Бимфоод“, каде што се одвиваше подготовката на специјалитетот.

Проданоски истакна дека враќањето и негувањето на традицијата е особено важно, нагласувајќи дека во подготовките учествуваат и млади генерации, кои на тој начин учат за културното наследство на градот.

По повод празникот Св. Никола, градоначалникот ги повика сите граѓани и посетители на 19 декември да бидат дел од чествувањето на градската слава, која, како што нагласи, симболизира мирољубивост, смирение и љубов.

Чествувањето ќе започне во 08:00 часот со Архиерејска божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“, со која ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Во 12:00 часот ќе се одржат водосветот и прережувањето на празничниот колач пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот.

По официјалниот дел, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична посна светиниколска трпеза во централното градско подрачје. Во рамки на градската слава, на плоштадот „Александрија“ ќе се одржи и пригодна забавна програма, а на Камената бина ќе настапи прилепската музичка група „Тајфата“.

Continue Reading

Република

Повеќе делови од Тетово утре без електрична енергија

Повеќе делови од Тетово утре, 17 декември 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекините ќе се одвиваат во периодот од 09:00 до 14:30 часот и ќе зафатат различни делови од градот. Без струја ќе бидат објекти на улицата „Борис Кидрич“, како и делови во кругот на поранешната печатница „Напредок“.

Дополнително, прекин е најавен и за делови од Тетово во населбите Два Бреста и Певчина, каде електричната енергија ќе биде исклучена во периодот од 09:20 до 13:00 часот.

Од надлежните служби информираат дека станува збор за планирани активности и апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг