Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно се најде во необична ситуација поврзана со седењето, пренесува српска „Нова“.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Вучиќ влегува во салата каде што лидерите веќе се сместени. Наместо веднаш да заземе место, тој подолго време збунето разгледуваше околу себе, како да не му е јасно каде треба да седне.
Откако безуспешно се обидуваше да најде седиште, во еден момент се насочи кон туѓо столче, но веднаш беше известен дека местото е веќе зафатено.
На крај, организаторите му донесоа столче, но и тоа заврши неславно – при обидот да седне, Вучиќ успеа да го оштети дел од него, што дополнително ја засили незгодата.
