Четири клучни симптоми на срцев или мозочен удар – еве како да ги препознаете на време!

Бројот на срцеви и мозочни удари расте кај лица под 50 години, а експертите предупредуваат дека симптомите често се суптилни. Податоците покажуваат дека смртноста од срцеви заболувања кај работоспособни возрасни се зголемила за речиси 20% во последните години.

Според професорката Раша Ал-Лами од Империјал колеџ во Лондон, најважни предупредувачки знаци се:

отежнато дишење при секојдневни активности,

необјаснива болка во градите кој доаѓа и заминува,

невообичаен замор,

кај жените – гадење, вртоглавица или болки во горниот дел на стомакот наместо класична болка во градите.

Истражувањата откриваат и други рани сигнали за зголемен ризик:

болести на непцата – поврзани со воспаленија што можат да го оштетат срцето,

еректилна дисфункција – често прв знак за лош проток на крв и ризик од атеросклероза,

гласно ’рчење и апнеа во сон – зголемуваат ризик од срцеви заболувања,

ладни и вкочанети прсти – можен индиректен знак на слаба циркулација и напор на срцето.

Експертите потсетуваат: половина од пациентите со срцев удар претходно немаат очигледни симптоми, но речиси сите имаат недијагностицирани ризици како висок притисок или холестерол. Затоа, редовните контроли се од суштинско значење.