Најмалку шест лица се повредени во пукање што се случи саботата навечер во шведскиот град Гевле, околу 170 километри од Стокхолм.
Според првичните информации, повредените се на возраст меѓу 15 и 18 години, додека се верува дека напаѓачот е само 14-годишно дете, јавува шведскиот весник Expressen.
Пукањето се случило на прометна улица со кафулиња и ресторани. Еден од сведоците опишал дека првично не сфатил што се случува:
„Бев на шанкот и се спремав да нарачам пијалок кога забележав врева во барот. Не ги слушнав истрелите поради гласната музика, а потоа видов еден од повредените во пабот. Кога излегов надвор, ги видов и другите повредени. Сè беше нереално“, рече сведокот.
Полицијата засега ја исклучила можноста за терористички напад.
