Трагедија во Хрватска: 54-годишен маж почина по напад од стршлени

Трагедија во Хрватска: 54-годишен маж почина по напад од стршлени

Во шумско подрачје кај Крижевци, 54-годишен маж го загуби животот откако бил нападнат од јато стршлени. Несреќата се случила додека сечел дрва за огрев.

Според информациите од полицијата во Копривничко-крижевечката жупанија, на мажот веднаш му била укажана лекарска помош, но и покрај брзата интервенција, починал на самото место.