Бојан Миовски го отвори резултатот за Глазгов Ренџер во ремито со Фалкрик

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна гол за Глазгов Ренџер во ремито 1-1 со Фалкрик во рамките на 7. коло од шкотската Премиер лига.

Миовски погоди во 41. минута за водство од 0-1, но тоа не беше доволно тимот на Ренџер да ја запише втората победа во сезоната. Домаќинот Фалкрик израмни во 77. минута преку Картврајт.

Ова беше прв гол на Миовски во шкотската Премиер лига по неговото враќање во тимот, а втор во дресот на неговиот нов клуб.