Connect with us

Свет

Руски напади ја погодија Украина: над 50 ракети и 500 дронови, најмалку пет загинати

Најмалку пет лица загинаа во масовен руски напад врз Украина во текот на изминатата ноќ, во кој биле испукани повеќе од 50 ракети и речиси 500 беспилотни летала, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според агенцијата Ројтерс, нападите предизвикале сериозни оштетувања на инфраструктурата во повеќе региони низ земјата. Најтешко погоден бил Лавов, град во западна Украина близу границата со Полска, каде што загинале четири лица, а бил запален и индустриски парк. Дел од градот останал без електрична енергија.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, ги повика граѓаните да останат во своите домови додека службите за итни интервенции се справуваат со повеќе пожари.

Во Запорожје, едно лице загинало, а деветмина се повредени во комбиниран ракетен и дрон-напад што оставил повеќе од 73.000 домаќинства без струја, информираше гувернерот Иван Федоров.

Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека цивилна инфраструктура е оштетена и во регионите Ивано-Франкивск, Виница, Чернигов, Херсон, Харков и Одеса, нарекувајќи ги нападите „уште еден чин на терор против цивили“.

„Москва продолжува да уништува домови, училишта и енергетски објекти – уништувањето останува нејзина единствена стратегија“, напиша Свириденко на платформата X.

Зеленски истакна дека Украина има потреба од поголема воздушна заштита и побара побрзо спроведување на меѓународните одбранбени договори.

„Ни треба вистинска заштита на небото. Само така може да се отвори патот кон вистинска дипломатија. Америка и Европа мора да дејствуваат за да го натераат Путин да престане“, порача украинскиот претседател.

Русија сè уште нема издадено официјален коментар за нападите, но според украинските власти, Москва во последните недели значително ги зголемила ударите врз енергетската мрежа, додека се приближува четвртата зима од почетокот на војната.

Во меѓувреме, Полска, членка на НАТО, соопшти дека ги покренала своите воени авиони за зајакнување на воздушната безбедност поради близината на нападите.

„Полските и сојузничките авиони се активни во нашиот воздушен простор, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување се во највисока состојба на подготвеност,“ објави полската оперативна команда.

Истовремено, неколку европски земји, меѓу кои Данска, Германија и Литванија, пријавија зголемени инциденти со беспилотни летала во нивниот воздушен простор. Аеродромот во Вилнус беше привремено затворен во текот на ноќта поради детектирани балони што се движеле кон градот.

Advertisement

Свет

Лавров: Русија ќе ги смета странските војници во Украина за легитимни цели

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти кои учествуваат во конфликтот во Украина. Тој посочи дека околу 100 британски војници се вклучени во борбени операции против руските сили.

„По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие вистината. Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британскиот воен персонал и специјални сили во војната против Русија“, рече Лавров за време на тркалезна маса посветена на украинското решение.

Британското Министерство за одбрана потврди дека британски војник загинал во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските сили. Според весникот „Сан“, покрај британскиот војник, во несреќата загинале и најмалку четворица украински војници.

Лавров додаде дека Москва ќе извлече сите потребни заклучоци од, како што го нарече, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

Continue Reading

Свет

Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана.

„Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин.

Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во наредните пет години.

Руте повика на засилување на одбранбените напори за да се спречи „војна од една генерација“, потенцирајќи дека сојузниците мора да делуваат веднаш за да обезбедат безбедност во регионот.

Continue Reading

Свет

ЕУ со нов чекор: Рускиот капитал ќе остане замрзнат

Земјите членки на Европската Унија постигнаа начелен договор за замрзнување на руските средства на неопределено време, што се смета за клучен исчекор кон усвојување на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации за Украина.

Формалната одлука треба да биде донесена утре на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки – Корепер. Одлуката ќе се темели на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој овозможува носење одлуки со квалификувано мнозинство во услови на „економска итност“, наместо со едногласност.

Досега продолжувањето на мерката се вршеше на секои шест месеци и исклучиво со консензус. Новото решение го елиминира ризикот некоја држава во иднина да стави вето на понатамошно замрзнување на средствата. Дополнително, ова се оценува како клучен чекор за да се спречи враќање на руските средства доколку санкциите кон Москва некогаш бидат укинати – прашање што особено ја загрижуваше Белгија, една од најголемите сопировки на планот за користење на замрзнатите средства за Украина.

Овој договор доаѓа само еден ден по изјавата на белгискиот премиер Барт де Вевер, кој ја доведе во прашање правната основа за трајно замрзнување на капиталот врз основа на член 122, оценувајќи дека „вонредната состојба“ која ја предвидува овој член не се однесува на земја што не е членка на ЕУ.

Според моменталните најави, Белгија утре најверојатно ќе биде воздржана, а Унгарија и Словачка ќе гласаат против. Сепак, квалификуваното мнозинство за усвојување на предлогот ќе биде обезбедено.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг