Connect with us

Црна Хроника

Велешанецот осуден за кражба на ќебапи сè уште во бегство – се бара со меѓународна потерница

Петре Караманов од Велес, кој во 2015 година беше осуден на три години затвор поради кражба на ќебапи, и по осум години од бегството сè уште не е пронајден. Министерството за внатрешни работи потврди дека по него е распишана централна и меѓународна потерница.

Караманов, кој стана познат по „кражбата на ќебапи“ во една велешка кафеана, всушност бил осуден за тешка кражба, бидејќи покрај храната украл и алкохолни пијалоци и други производи. Во моментот кога му била изречена пресудата, тој веќе се наоѓал во притвор за друго кривично дело.

Во 2017 година, за време на првиот слободен викенд од затворот, Караманов не се вратил во КПУ „Идризово“ и оттогаш му се губи трагот. Според информациите, се претпоставува дека избегал во соседна Бугарија, каде што има и државјанство.

Активен е на социјалните мрежи и, според достапните податоци, тврди дека работи како автомеханичар во Софија. На неколку бугарски интернет-страници за запознавање се појавуваат профили со неговото име, презиме и возраст.

Од МВР за „Викимедиа“ изјавија дека Караманов е осуден за повеќе дела – разбојништво и тешка кражба – на казна затвор од шест години и 11 месеци. За доиздржување му остануваат уште четири години, 11 месеци и 29 дена.

Иако случајот во јавноста беше запаметен како „кражба на ќебапи“, тој само симболично ја претстави подолгата криминална историја на Караманов, кој уште од малолетна возраст има повеќе пресуди за кражби и прекршоци.

Велешанецот, кој некогаш предизвика бурни реакции поради, како што многумина тогаш мислеа, „строга казна за ситно дело“, денес останува еден од најдолговечните бегалци од македонските затвори.

Извор: либертас

Advertisement

Црна Хроника

Акциска контрола во објекти на ул. „Илинденска“ и „Маршал Тито“ во Тетово

На 08.12.2025 во периодот од 11:00 до 14:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државна пазарна инспекција Тетово и Државна трудова инспекција Тетово, извршиле акциска контрола во објекти по однос на производи кои се предмет на акцизни давачки, контрола за поседување на соодветно одобрение за работа на државен празник, контрола на затекнати вработени лица, како и контрола со цел пронаоѓање на предмети кои се спротивни на Законот за девизно работење. 

Притоа, извршена е контрола во осум продажни објекти на ул.,,Илинденска“, сопственост на С.З.(44) од с.Мала Речица, на ул.,,29 Ноември“, сопственост на Ж.Ж.(42) од Тетово, на ул. ,,Илинденска“ каде управител е А.А.(37) од Тетово, на ул.,,Маршал Тито“ чиј управител е Ш.М.(31) од Тетово, на ул.,,Илинденска“ каде  управител е М.Р.(32) од Тетово,  на ул.,,Илинденска“ каде управител е Х.С.(22) од Скопје, на ул. ,,Маршал Тито“ чиј управител е М.Р.(32) од Тетово и на ул.,,Маршал Тито“ каде управител е А.Ш.(35) од Тетово. За време на контрола, од службените лица од Државен пазарен инспекторат пронајдени и одземени се 322 парчиња електронски цигари, 32 кутии масло за електронски цигари, пет штеки и 132 кутии разновидни цигари, 52 парчиња цигари – пури и 1,800 грама тутун, за што презедоа и соодветни мерки од нивна надлежност.

Continue Reading

Црна Хроника

Претреси во Скопје и скопско, лишени од слобода 12 лица – Полицијата со детали

Денеска (10.12.2025) во раните утрински часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата беа лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), Ф.С.(42), Ќ.С.(44), Б.А.(40), С.Д.(37), Ф.Д.(35), Н.А.(59), Р.К.(27), Н.Л.(44), А.К.(35), З.М.(61) и Р.С.(27), за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

До ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против сите 12 лица, за кои постои основано сомнение дека во периодот од април 2025 година до декември 2025 година создале и станале припадници на злосторничко здружение, организирано за вршење кривични дела казниви со затворска казна од најмалку три години.

С.Д., од засега непознати лица од Република Косово, неовластено набавувал огнено оружје и муниција со цел понатамошна продажба, по што нелегално ги пренесувал на територијата на Република Северна Македонија. Оружјето и муницијата биле неовластено складирани на безбедни локации во селата Сингелиќ и Брест.

Од прибраните докази произлегува дека припадниците на групата имале јасно распределени улоги. Н.С., како еден од организаторите, давал насоки за пронаоѓање потенцијални купувачи и за неовластено посредување во трговијата со огнено оружје и муниција. С.Д.. неовластено набавувал муниција и ги координирал активностите за доставување на оружјето до членовите на групата, додека Н.А. го одржувал контактот со првоосомничениот и ја координирал доставата до непосредните купувачи.

Дополнително, Н.Л., покрај неовластено посредување во трговија со оружје, се сомничи дека неовластено продавал и наркотична дрога кокаин.

Continue Reading

Црна Хроника

Пријава за семејно насилство во Тетово – Полицијата презема мерки

На 09.12.2025 во 17:00 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 15:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот 55-годишен сопруг ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг