Дел од тетовските села утре без електрична енергија поради планирани работи на мрежата

Утре, вторник (07.10.2025), во периодот од 09:00 до 14:00 часот, повеќе тетовски села ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, информираат од надлежните служби.

Без струја во наведениот термин ќе бидат делови од селата Ларце, Долно Палчиште, Калник и Палатица.

Од ЕВН Македонија апелираат граѓаните да ја имаат предвид оваа информација и навреме да ги преземат потребните мерки, особено деловните субјекти кои зависат од електрична енергија во споменатиот период.

Прекинот, како што е наведено, е дел од редовните активности за одржување и подобрување на стабилноста на електроенергетскиот систем во регионот на Тетово.