Connect with us

Македонија

Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Македонија на 15 октомври, каде што ќе одржи тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски. Посетата следи по серијата изјави на европски претставници кои бараат поголема динамика и опипливи резултати во дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Австриската сојузна министерка за Европа, Клаудија Плаколм, и државната секретарка во Министерството за надворешни работи на Словенија, Нева Грашиќ, денеска од Скопје порачаа дека Македонија заслужува јасна перспектива и членство во Европската Унија до 2030 година.

„Ќе поддржиме сè што е потребно за да се видат конкретни резултати од преговорите – и од македонска, и од бугарска страна“, изјави Плаколм.

Грашиќ истакна дека секоја иницијатива која го поттикнува дијалогот е добредојдена и изрази надеж дека истите пораки ќе ги повтори и фон дер Лајен при нејзината посета на Скопје.

Австрија и Словенија, заедно со уште 14 земји членки, поддржуваат воведување на квалификувано мнозинство за техничките чекори во процесот на проширување, наместо едногласност, со цел да се забрза интеграцијата на земјите кандидати.

„Австрија ќе се заложи за квалификувано мнозинство при пристапувањето на нови членки во ЕУ. Тоа ќе го намали ризикот од билатерални блокади и ќе го направи процесот поефикасен“, нагласи Плаколм.

Слична позиција сподели и словенечката претставничка: „Заедно со Германија, Италија и Австрија испративме писмо до Европската комисија за поедноставување на процесот. Поддршка дадоа 16 земји членки.“

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оцени дека ваквите реформи би биле клучни за избегнување на идни билатерални блокади во македонскиот евроинтегративен процес.

„Промената на системот би го намалила просторот за злоупотреби на билатералните интереси и би овозможила посигурен напредок кон членството“, рече Муртезани.

Иницијативата за промена на правилата за гласање во ЕУ првично ја предложи претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, но засега е одбиена од неколку земји кои не се подготвени да се откажат од своето право на вето.

Во меѓувреме, Мицкоски најави дека по локалните избори ќе има придвижување во односите меѓу Скопје и Софија, во насока на надминување на застојот во евроинтеграциите.

Advertisement

Македонија

Магливо утро, дожд најавен навечер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг